26.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаКорона вирусот коси се пред себе- Во ГОБ 8-ми септември 100 лица...

Корона вирусот коси се пред себе- Во ГОБ 8-ми септември 100 лица на кислород, 14 на респиратор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со 140 хоспитализирани пациенти од кои 17 се на респиратор а 100 на кислородна поддршка, ГОБ 8-ми септември и понатаму е најоптеретена болница во третманот на пациентите со Ковид 19. Сите се во тешка здравствена состојба меѓу хоспитализираните има и 30 пациенти позитивни на вирусот кои одат на дијализа и им е потребен посериозен третман.

<

– Кај нив лекувањето е малку потешко, тие покрај основната болест имаат и корона и за овие пациенти има 6 апарати кои се наменети само за нив. Има проблем кај нив што може да доијде до згрутчување на крвта и се запушува канелата па мора да се менуваат нови, бараат третман, вели др. Христијан Костов директор на ГОБ 8-ми септември.

Од болницата велат дека секојдневно примаат од 15 до 20 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19 и поради тоа имаат потреба од дополнителен медицински кадар. Во оваа установа веќе се дојдени на испомош медицински сестри од внатрешноста, но им фалат анестезиолози поради големиот број на случаи кои се во многу тешка состојба.

– Кадарот е преморен сите во болницата се ангажирани овие 3,5 месеци. Ни фалат анестезиолози поради големиот број на пациенти хоспитализирани во болницата, вели Костов.

Освен во 8-ми септември, се полни и во детската болница во Козле која е втор Ковид центар. Таму во моментот има 30 пациенти од кои седум се деца а останатите возрасни од 41 до 85 години. Тројца се на кислородна поддршка.

Капациететите во инфективните одделенија се исполнети а државата по бројот на заразени и починати и понатаму руши рекорди во европски рамки. Во регионот Македонија е прва на листата со 291 случај на Ковид 19 на 100 000 жители за разлика од Србија каде има 160 заразени на 100 000 жители но и четирипати побројно население од нашата земја.

Според вчерашната статистика пак, со 12 смртни случаи Македонија се најде 7-ма на листата во Европа по бројот на починати како последица од корона вирусот. Пред нас се земји кои имаат меѓу 10 и 70 пати побројно население. Во текот на вчерашниот ден 12 починати биле регистрирани и во Германија – земја со 83 милиони жители.

СИТЕЛ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...