4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЛицата со Ковид-19, во самоизолација, болни не болни може да се пријават...

Лицата со Ковид-19, во самоизолација, болни не болни може да се пријават за гласање !!!

spot_img

Почнува пријавувањето до Општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за гласањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Оние што сакаат да гласаат тоа треба да го сторат најдоцна до 8 јули на полноќ.

Болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација треба да се пријават за гласање до Оштинската изборна комисија, преку полномошник, најмалку седум дена пред гласањето. Дотогаш за гласање треба да се пријават и другите болни и немоќни лица, а за овие избори и лица со хронични болести. Тие до ОИК треба да достават соодветна медицинска документација со која треба да го поткрепат барањето.

На оние што во периодот од 8 до 15 јули ќе им биде потврден позитивен тест за Ковид-19 или лица кои ќе мора да бидат во самоизолација нема да можат да се пријават за гласање и да гласаат на изборите.

Рокот за пријавување за гласање на на лицата во домашен притвор е 11 јули на полноќ.

Поради состојбата со Ковид-19 за остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се околу стотина здравствени избирачки одбори составени од по тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

За овие петти предвремени парламентарни избори, најспецифилни досега поради коронавирусот, кампањата завршува на 12 јули на полноќ, од кога почнува молкот. На 13 јули (понеделник) ќе гласаат лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на 14 јули (вторник) болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор. На 15 јули гласањена парламентарните избори ќе започне во 7:00 часот наутро и, поради состојбата со Ковид-19, гласањето ќе биде продолжено два часа. Гласањето ќе се одвива согласно задолжителните препораки за гласање усвоени од Државната изборна комисија согласно укажаното од Комисијата за заразни болести.

На 13 јули избирачкиот процес ќе го спроведе Посебен избирачки одбор (ПИО), што ќе се состои од здравствени работници и претставници на политичките партии. Членовите на ПИО, ќе бидат опремени со лична заштитна опрема која се состои од: мантил за еднократна употреба, ракавици за еднократна употреба, стандардна заштитна маска и средство за дезинфекција. Членовите на ПИО, според утврдените задолжителни препораки, заштитната опрема ја менуваат по завршување на гласањето во домот на секој гласач, односно толку пати колку што ќе одат да посетат домови на лица каде што ќе се гласа. Лицето кое ќе гласа задолжително треба да носи заштитна маска преку носот и устата. При самото влегување во просторот (домот) најпрво лицето кое гласа ги дезинфицира рацете. При влезот во домот на гласачот пред да му се даде гласачкото ливче, на гласачот му се дава заштитна маска доколку ја нема и задолжителни заштитни ракавици. При подавањето на личната карта лицето кое ќе гласа накратко ја симнува маската за идентификација и ја одржува препорачаната дистанца минимум од членовите на избирачкиот одбор, кои исто така се целосно заштитно опремени. Пред да му се даде ливчето за гласање на гласачот задолжително е да ги дезинфицира рацете на кои исто така има заштитни ракавици. По завршувањето на гласањето, лицето кое гласа повторно ги дезинфицира рацете. Во целиот процес на гласање задолжително се обезбедува минималната физичка дистанца од еден, до еден и пол метар.

Нема да се спроведува дезинфекција на гласачката кутија после секој гласач.

Сличен процес на гласање ќе се одвива и на 14 јули, но за разлика од 13 јули, процесот на гласање во домовите на болните, хроничните лица на 14 јули ќе го спроведат Основните избирачки одбори (ОИО). Тие нема да носат мантили како заштита, заради тоа што не се работи за позитивни случаи од Ковид-19, но, ќе носат заштитна маска, ракавици и ќе треба да одржуваат дистанца. Маската членовите на ОИО треба да ја менуват на секои четири часа.

На гласање на 15 јули сите 3.840 избирачки места ќе бидат дезинфицирани од ДИК. На денот на гласањето секој гласач е должен да држи пристојно растојание од метар и пол или два пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место, и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да држи маска. На ниту еден гласач нема да му биде дозволено да влезе во гласачкото место ако претходно не ги дезифицира рацете и не носи маска. Следниот чекор е кога гласачот влегува со маската во избирачкото место и истиот е должен при идентификација на кратко да ја извади маската за избирачкиот одбор да го утврди неговиот идентитет. Рацете ќе треба да се дезифинцира при влегувањето и излегувањето од гласачкото место.

Избирачките одбори внатре во просторијата се должни да седат на дозволено растојание од метар до метар и половина, и постојано да носат заштитна маска, како и ракавици. Гласачите не треба да носат ракавици кога ќе влегуваат во гласачките места.

Извор: лидер

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...