16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаГо живеам сега вториот живот: Закрепнува пациентот на кој му беше трансплантирано...

Го живеам сега вториот живот: Закрепнува пациентот на кој му беше трансплантирано срце

spot_imgspot_img

Сам во болничка соба под постојан надзор на медицински лица…Иван Огњановски го живее својот втор живот. Овој 54-годишен скопјанец е првиот пациент што доби срце од починат донор. Во градите на Иван повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева, чие семејство и покрај големата загуба одлучи да спасИ човечки живот. Секој ден на ехо ги слуша отчукувањата.

-Тоа го гледам скоро секој ден..На ехо ме ставаат слушам дека не е пластика или некоја играчка, вели Иван Огњановски.

Единствен спас за Иван била трансплантација на срце. Пред да биде изведена оваа сложена интервенција, му се слошило и се разбудил во болница. Знаел дека е прв пациент на кого ќе работи бројниот медицински тим, но му верувал на кардиохирургот Јовев дека ќе успеат.

-Др. Јовев ме предупреди..нема мрдање нигде, денес ќе го добиеш срцето. Беше решен дека ова ќе успее, вели Иван.

-За моментот кога се разбуди, кога свати дека операцијата завршила?

Да ви кажам уште не бев свесен дека сум опериран. Малку потешко, кога почнав да ги правам првите чекори видов дека тоа било тешка операција, не дамо легни стани и оди си, вели Иван.

На кардиохирургија Иван вели дека се чуствува безбеден, сигурен и како да е дома.

-Има три сестри, Маријана, Елена и Бојана тие се 24 часа со мене, се менуваат…вели Иван.

Иван има една голема желба кога ќе излезе од болница.

Благодарност на семејството Диневи. Кога ќе оздравам сакам да се запознаам со нив. Јас сум член на нивното семејство.


sitel

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...