15.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаУниверзитетот Вашингтон бара да се вратат рестрективните мерки во Македонија: Венко Филипче...

Универзитетот Вашингтон бара да се вратат рестрективните мерки во Македонија: Венко Филипче не се согласува со нивната одлука.

Венко Филипче, министерот за здравство, денеска одговори дека нема да има повторно воведување на рестрикции откако Универзитетот Вашингтон од Сиетл во направената проекција за Северна Македонија предупреди дека треба да се воведат построги мерки во земјата.

Според Институт за здравствени мерења и проценки при Универзитетот Вашингтон од Сиетл до 1 ноември во Македонија ќе починат 1.629 луѓе од КОВИД-19 ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита сè додека дневната бројка на мртви не достигне 8 на 1.000.000 жители, кога повторно би се вовеле построги мерки.

– Ние сме подготвени и кога повеќекратно би се зголемил бројот на заболени, не само од ковид-19, туку и од сезонски грип, морбили, стомачни вируси. Прво мора да се повтори дека сме една од ретките земји која има протоколи за функционирање на бизнисните, плажите, базените, хотелите, тие се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Тука се стандардните мерки за држење дистанца и носење заштитни маски како единствен начин да се излезе од кризата. Новодијагностицираните случаи се произлезени од непочитување на овие мерки, рече Филипче денеска во брифингот за „Сител“.

Според Филипче, единствена индијација која треба да покаже дали е потребна рестрикција за движењете се пополнетоста на болничките капацитети во ковид-центрите, кои според министерот се стабилни во бројките.

– Не можеме да живееме затворени и вечно со рестрикција во движењето. Епидемијата нема да ја снема ниту следната година, се додека не се вакцинира еден поголем дел од населението. Во овој момент мислам дека имаме издржани протоколи по принципи кои комисијата ги разработи и препорача, додаде Филипче.

фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...