3.9 C
Ohrid
среда, април 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВо домот за стари лица „Астреон“ има 10 позитивни на Ковид-19

Во домот за стари лица „Астреон“ има 10 позитивни на Ковид-19

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Седум штитеници на домот за стари лица „Астреон“ се позитивни на корона вирусот, а има тројца вработени кои исто така се регистрирани со Ковид-19, потврди за Фактор, директорката на Центарот за јавно здравје Штип, д-р. Марија Димитрова, која заедно со епидемилогот д-р. Светлана Живкова направиле увид во оваа установа.

<

– Центарот за јавно здравје Штип зема брисеви на овие веќе потврдени лица, заразени со корона вирусот по индикација. Оттаму имаат пратено дополнителни тестови за персоналот преку други пунктови. Тројца од вкупно десетте кои имаат Ковид-19 се хоспитализирани, а останатите веќе се изолирани и постојано им се следи здравствената состојба, односно им се мери температура и сатурација, појаснува за Фактор директорката на штипскиот Центар за јавно здравје, д-р. Димитрова.

Оние пациенти кои имаат потешка клиничка слика, односно покачена температура и пневмонија, веќе се префрлени во болниците во Штип и во Скопје.

Директорот пак на Клиничката болница-Штип, д-р. Ален Ѓеорѓијев, потврди дека од домот за стари лица “Астреон“, од вкупниот број на заболени кои се позитивни на вирусот Ковид 19, двајца од нив имаат потреба од хоспитализација.

– Едниот пациент е на возраст од 76 години, а другиот на 84 годишна возраст. Едниот од нив е со потешка клиничка слика, поради што е потребна кислородна подршка. Нивната здравствен состојба зазега не укажува дека е потребно да бидат ставени на респираторен апарат, вели д-р Ѓеорѓијев.

Веднаш по направениот увид, од Центарот за јавно здравје-Штип, на управата на домот за стари лица „Астреон“ им се дадени мерки и понатамошни инструкции, односно според протоколите треба да се одржува социјалната дистанца, да се дезинфицира целиот простор, да се изолираат сите лица што се заразени, а укажано е и каква терапија да им се дава ако некои од нив покажат симптоми.

Инаку, засега ниту еден од вкупно 32 штитеници во оваа установа, немаат симптоми на Ковид-19, а според менаџментот на „Астреон“ нултиот преносител на заразата со коронавирусот била хигиеничарката, која пак се заразила од сопругот, надвор од установата.

А.Б. Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не 20.000 евра мито, туку 100.000 евра барал директорот на Геријатрија !!!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од...

Од рубриката верувале или не: Затвореници барале дрога, кога дошла полицијата кажале дека кучката Цеца му го зела часовникот, па и полицијата барала со...

Директорот за извршување санкции, Александар Пандов, раскажа како во затворот во Штип преку оградата била фрлена дрога, а двајца затвореници отишле доцна вечерта да...

Левица најавува Закон за потекло на имот за функционерите од 1991 година наваму

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на својот профил на Фејсбук објави дека пратеничката група на оваа партија подготвува нов Закон за потекло на имот,...

Акција на финансиската полиција -Осомничена блиска роднина на екс министерот Оливер Спасовски

Финансиска полиција ја тресе кумановската фирма Пин Петрол. Се сомничи за проневера на пари кои биле должни да ги исплаќаат кон Јавното претпријатие за...