29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСтојанов: Да имам власт би ги облекол младите во скафандери и така...

Стојанов: Да имам власт би ги облекол младите во скафандери и така нека се журкаат и шетаат по кафиња.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Околу 50 е повторно бројката на заразени денеска во Скопје, што значи овој тренд од пред десеттина дена се уште трае. Но, епидемиолозите се крајно револтирани бидејќи во земјава упорно не се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот. Велат дека со вакво однесување, уште долго ќе се бориме да го намалиме бројот на новоинфицирани, а во светот ќе важиме за високоризична земја.

<

-Корона вирусот ќе трае, тоа треба да е јасно. Но, однесувањето на граѓаните е страшно. Свадби по патот Скопје-Тетово, дискотеки, клубови насекаде низ Македонија, приватни забави и така натаму. И да има вакцина, и сите да бидат имунизирани, вирусот нема да исчезне со волшебно стапче преку ноќ. Сите што не го почитуваат тоа што ние повеќе од пет месеци го кажуваме би ги облекол во скафандери и нека се забавуваат со часови. Да видат како е цела работна смена да се помине во таква заштитна опрема, вели директорот на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов.

Вели дека секаде низ земјава се отворат се повеќе пунктови за тестирање, но напоменува дека недостига медицинскиот кадар.

-Не е само да се отвораат лаборатории, пунктови за тестирање и да се купат апаратите за анализа. Треба да има доволно кадар што ќе го сработи сето тоа. Што е посебно загрижувачко пак, во некои места не мпже да се договорат каде да се ставел пунктот за тестирање. Со вакви минорни работи се занимаваме, вели д-р. Стојанов.

А.Б. ФАКТОР

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...