15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаСветЗаболените од Ковид-19 во Словенија се лечат со редесивир, фавипивавир и дексаметазон

Заболените од Ковид-19 во Словенија се лечат со редесивир, фавипивавир и дексаметазон

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пациенти заболени со Ковид-19 во Словенија првенствено се лекуваат во однос на симптомите, што значи дека доколку е потребно добиваат кислород и лекови за повишена температура.

<

Оние со сериозни симптоми добиваат редесивир, фавипивавир и дексаметазон, лекови за кои истражувањата покажуваат дека можат да бидат потенцијално ефикасни, јави СТА.

– Ремдесивир, антивирусен лек, се користи кај оние на кои им е потребна интензивна нега или имаат силно зголемена потреба од снабдување со кислород, објасни Матеја Логар, инфектолог во Универзитетскиот медицински центар Љубљана.

Оние кои имаат нешто поблаги симптоми и се во почетната фаза на болеста, но со други болести им се дава фавипивавир, лек кој досега се користел за лекување грип.

На оние на кои им е потребен кислород, но го примаат за време на период кога фавипивавир повеќе не е одржлива опција им се дава дексаметазон, кортикостероид што се користи со децении, главно за лекување на разни видови воспаленија.

– Тие се лекови кои се покажаа врз основа на повеќе студии ефективни и имаат релативно поволен безбедносен профил“, додаде Логар.

Словенечките лекари не користат хидроксихлорохин, лек за артритис, кој исто така може да се користи за да се спречи маларија, ниту пак користат антибиотик азитромицин или ХИВ лекови, затоа што се покажале како неефикасни во неколку студии.

MИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...