6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветСкандал во Хрватска: Алкохол жива музика и лепење пари на музичарите, медицинските...

Скандал во Хрватска: Алкохол жива музика и лепење пари на музичарите, медицинските сестри од ковид центар, фатени на оро.. (ВИДЕО)

spot_imgspot_img

Хрватските медиуми денеска објавија скандалозно видео од забава во КБ Дубрава, најголемата ковид болница во Хрватска. Видеото е објавено од РТЛ.

Снимката била направена на почетокот на овој месец, а вработени во болницата ја проследиле до РТЛ.

На забавата, медицинските сестри и придружниот персонал пеат и играат на жива музика, без придржување кон епидемиолошките мерки, без дистанца, без маски. Видеото покажува и армоника украсена со банкноти.

Видеото ги разлути нивните колеги. Една од нив вели дека за над 20 години работно искуство не доживеала вакво нешто.

“Во вакви ситуации, се срамам што сум медицинска сестра. Не сум го доживеала ова во моето 20 годишно искуство. Непочитување на епидемиолошки мерки, алкохол, тамбури, песна и оро. И сето тоа во ковид болница, очекувам санкции за актерите на овој настан. Ние се бориме против вирусот и самите го шириме. Јас сум лута и разочарана “, напишала една сестра .

Вршителот на должноста директор на КБ Дубрава Ивица Лукшиќ изјавил дека не бил запознаен со случајот.

„За прв пат ги гледам снимките и изненаден сум“, изјавил тој и додал:

„Изненаден сум, но мора да знаете дека луѓето работат напорно во болницата и дека морам да ги видам сите околности што довеле до тоа.

Засега е непознато колку вработени дежурале за да се грижат за пациентите во време на оваа забава, а колку останале по завршувањето на нивната работа. Не е познато која е причината за прославата, пишуваат хрватските медиуми и потсетуваат дека во земјата се на сила строги мерки со забрана за собирање на повеќе од десет лица од две домаќинства.
канал 5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...