4.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаКој е Лазар Еленовски, „идниот премиер“ на Македонија?!

Кој е Лазар Еленовски, „идниот премиер“ на Македонија?!

spot_imgspot_img

Неколку македонски портали, на албански јазик, координирано ја пренесоа веста, дека во тек се преговори, или дека  „паднал“ договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, заедно со малцинската поддршка на двајцата пратеници од Левица да ја конституираат идната македонска влада. Наводно договорот, значел  1+3  ротирачка комбинација на премиерското место, односно една година премиерот да биде предложен од ДУИ ( Насер Зибери?), и три години истиот да биде по номинација на ВМРО-ДПМНЕ (Христијан Мицкоски?). Истите портали, шпекулираа и со името на Лазар Еленовски, поранешен министер за одбрана во Владата на Никола Груевски 2006-2008, кадар на НСДП на Тито Петковски, кој по падот на таа влада и напуштањето на извршната власт, се отцепи од оваа партија и ја формираше Социјал-демократската унија.

Кој е Лазар Еленовски?

Моментално е амбасадор на Република Македонија во Белгија ( по предлог на ДУИ), и е дипломиран економист на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е и генерален секретар на Социјалдемократската младина, во далечната 1992 година, а потоа и нејзин претседател. На функцијата заменик-генерален директор на ЈСП- Скопје бил од 2001-2005, а по падот на СДСМ од извршната власт, тој преминува во новоформираната НСДП на Тито Петковски, и постанува министер за одбрана во идната македонска влада предводена од Никола Груевски.

По напуштањето на изборната коалиција на НСДП пред парламентарните избори во 2008-ма година, Лазар Еленовски со незадоволниците Веле Митановски и поранешната министерка за економија ја напуштаат НСДП и ја формираат СДУ, која влегува потоа во предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. На вториот конгрес на оваа анономна партија, тој го напушта претседателското место и заминува во Белгија за амбасадор (како предлог и кадар на ДУИ).

Еленовски е полу-Албанец по мајчина линија, и активно се служи и го владее албанскиот јазик. Медиумите на албански јазик, го шпекулираат, како компромисно решение за исполннување на PSE JO ветувањето на ДУИ за прв Албанец премиер на Македонија. Да не беше комедија, ќе беше трагедија. Всушност е трагикомедија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...