9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветБил Гејтс предупредува- Во иднина ќe има нешто што ќе биде пет...

Бил Гејтс предупредува- Во иднина ќe има нешто што ќе биде пет пати по смртоносно од КОВИД а тоа е ова

spot_imgspot_img

На својот блог Гејтс предупредил на опасностите од климатските промени поради кои што луѓето би биле жртви, а финансиските проблеми во иднината би можеле да бидат многу поголеми од оние кои што ги предизвика коронавирусот.

Бил Гејтс со години предупредува на потенцијалните опасности од смртоносниот вирус кој што може да одземе милиони животи.

Поголемиот дел од луѓето на тоа негово предупредување само одмавнуваат со рацете, сметајќи дека такви ”филмски сценарија” невозможно е да се случат.

Ситуацијата со коронавирусот покажа дека Гејтс, за жал бил во право, па така додека некои од луѓето ги слушаат неговите совети за начинот на борба против невидливиот непријател, поборниците на теориите на заговор на тоа гледаат како начин на Гејтс да ги чипува луѓето.

На својот блог, оваа седмица Гејтс предупреди на уште една голема опасност која што со текот на времето би можела да стане посмртоносна и поопасна од коронавирусот.

Станува збор за актуелна тема во последниве години – климатските промени.

До тој заклучок Гејтс дошол врз основа на смртноста од коронавирусот која што, како што напишал на својот блог, изнесува 14 луѓе на 100.000 луѓе.

„Поради порастот на температурите на планетата во текот на следните 40 години се очекува ист пораст на смртноста.

До крајот на веков тие бројки ќе се зголемуваат и понатаму смртноста ќе изнесува 73-ца луѓе на 100.000.

Но, доколку емисијата на стакленичките гасови се намали, се очекува смртноста да биде 10 луѓе на 100.000.

До 2060-та година климатските промени можеби ќе станат смртоносни како и Ковид-19, а до 2100-та година пет пати посмртоносни“ – напишал Гејтс.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...