16.9 C
Ohrid
вторник, јули 22, 2025
ПочетнаМакедонијаТрговија со луѓе во Гостивар: Десет женски лица од Македонија, Албанија и...

Трговија со луѓе во Гостивар: Десет женски лица од Македонија, Албанија и Косово биле пронајдени во угостителски објект во село Добридол, Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Десет женски лица од Македонија, Албанија и Косово биле пронајдени во угостителски објект во село Добридол, Гостивар. Сопственикот на објектот и жените се уапсени поради основано сомнение за извршено кривично дело трговија со луѓе.

<

Инспектори од Министерството за внатрешни работи врз основ на писмена наредба од судија извршиле претрес во угостителски објект и други помошни простории сопственост на Р.Б.(46) од с. Добридол, поради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

При извршениот претрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години од кои три државјанки на Македонија, шест државјанки од Албанија и една од Косово, кои заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р. Б. биле приведени и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело трговија со луѓе.

Против нив по завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

skopjeinfo

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Албанија: Македонски државјанин се удави на плажа кај Драч!

Во близина на албанскиот град Драч, на плажата кај Каваја, попладнево трагично животот го загуби 66-годишен македонски државјанин. Како што информира албанската полиција, несреќата се...

Од ДУИ велат дека за локалните избори имаат сигурна победа.

Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција, г‑дин Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која се разгледаа актуелните политички случувања во...

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...