25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаДраган Милосављевиќ: ''Јас предлагам Апасиев да биде стрелан на плоштад, имам врски...

Драган Милосављевиќ: ”Јас предлагам Апасиев да биде стрелан на плоштад, имам врски во Алфа за преносот да оди во живо.”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во целост ви го прикажуваме Фб статусот на водителот Драган Милосављевиќ:

<

Да се стрела Апасиев!!!
Само предлагам, не сум Зола па да обвинувам. Минатиот пат имав добра идеја профата да биде обесен, но јавноста не се согласи со мене. Сега велам, ајде да го стреламе. На плоштад, под Воинот на коњ, или пред Триумфалната, само побрзо пред да ги урне Грчев – по избор на народот. Во стрелачкиот вод мора да биде Џабир обавезно, потоа Радмила (ако сака), Шилегов како градоначалник може почесно да пука „са леве стране“, Борјан, Тричко и „остали меинстрим“ исто може да се пријават, а Зоран Иванов мојот пријател не е лошо да рипне со падобран како бивш шампион и од горе да го докусури со бомба. Предлагам тоа да биде свечен чин, денот да се прогласи за неработен, МТВ и сите национални телевизии да прават пренос од шоуто. Имам некои солидни врски во Алфа, па гарантирам дека ние ќе пренесуваме. Во првите редови за гледање пожелно е да се нацртаат сите „критички настроени интелектуалци“, професори со завет за молчење, писатели-молчатели, уметници, активисти, опозициски новинари и особено уредници ќутолози, сите заедно како и секогаш молчешкум да ја одгледаат и оваа престава. А позади нив народот наш, граѓаните мирни, кротки, граѓаните подобни за секоја власт, граѓаните-робови, да гледаат како се пука во типот што го кажува она кое сите тие го мислат ама немаат храброст да го изговорат. Па потоа да наздравиме, во име на слободата.
П.С Апсолутно ми е сеедно каква судбина ќе има брадатиот и косат Шешељ (на Шилегов), но да се молчи денеска е злосторство во кое не сакам да учествувам. Па нека го стрелаат!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...