20.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаСветРусите пронајдоа уште една вакцина за коронавирусот, но оваа ќе ги штити...

Русите пронајдоа уште една вакцина за коронавирусот, но оваа ќе ги штити и животните…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Русија започна да прави вакцина против вирусот корона, која ќе ги штити животните, пред се куни и мачките. Така, Москва сака да зачува огромни фарми со крзно. Лекот против Ковид 19 за животни ќе биде тестиран наесен. Овој потег на Русија е донекаде очекуван, затоа што оваа земја има околу 100 фарми со крзно специјализирани за одгледување куни.

<

– Работиме на создавање на вакцина за животни против вирусот корона – рече првиот човек на руската надлежна служба за земјоделство, Сергеј Данквер.

Тој додаде дека вакцината првенствено ќе биде наменета за куни, бидејќи тие го пренесуваат вирусот едни на други брзо и неконтролирано.

Пред два месеци, холандските власти наредија убиство на 10 000 куни од страв дека овие животни се носители на вирусот корона и дека може да започнат нов бран на епидемијата.

 

– Луѓето исто така ќе сакаат да ги вакцинираат миленичињата – на пример, мачки кои се заразени со вирусот на корона – додаде Данкерт

Водечките светски сили со месеци се натпреваруваат за да го преземат водството во глобалната трка за вакцини, носејќи го победничкиот престиж и можноста да им се даде приоритет на нивното население пред успешната вакцина да биде достапна за други земји погодени од Ковид-19, од кој според податоците повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот се заразени и скоро 775.000 умреле.

Шефот на рускиот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, професорот Александар Гинтсбург, клучен научник кој стои зад вакцината „Спутник В“ неодамна објавена од Владимир Путин, во неколку интервјуа рече дека „љубоморениот“ Запад се обидувал да „купи“ врвни експерти во неговиот тим.

– Секој американски или европски универзитет може само да сонува да има такви истражувачи. Тие се обидуваат да ги намамат, но нема да успеат – рече Гинтсбург.

Русија стана првата земја што издаде регулаторно одобрение за вакцината против Ковид-19 и планира да започне програма за масовна имунизација во октомври. Објавувајќи ја веста за време на телеконференција со неговиот кабинет на 11 август, рускиот претседател Владимир Путин рече дека една од неговите ќерки ја примила вакцината без сериозни несакани ефекти.

Извор: srbijadanas.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...