23.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаАспасиев до Џафери -Собрание ли водите или селска кооперација!?

Аспасиев до Џафери -Собрание ли водите или селска кооперација!?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Талат Џафери, претседавачот на Собранието, рече дека немал телефонски контакт од двајцата пратеници на новата парламентарна партија „Левица“, по што тие доцна ги добиле известувањата дека денеска ќе се одржува седница за избор на спикер на Законодавниот дом, односно потребните материјали за работа.

<

Претходно, Димитар Апасиев, претседателот на „Левица“, се пожали дека дури во 9.00 часот денеска претпладне бил известен дека треба да се јави во 11.00 часот на координативна средба во Собранието.

„Во моментот кога ги добив материјалите, не можев вчера да ги пуштам до пратениците, но изутрина ги известив претставниците на партиите, со исклучок на „Левица“, со чиј претставник немав директен телефонски контакт но тоа го регулиравме од денеска натаму. Инаку вчера на полноќ не би можел да го барам толку доцна“, рече Џафери денеска од својата говорница.

Апасиев претходно реагираше дека Собранието како врвховен државен орган треба да покаже поголема сериозност во работењето.

„Сабајлево, во 9:00 часот, добивам СМС дека денес во 11:00 часот сум поканет, како претставник на Левица, на координација во Уставна сала во Собранието на РМ, од страна на претседавачот Таљат!?

Сета среќа шо у Скопје живеам… Еве, у Охрид да живеев, ќе требаше ваљда со хеликоптер да летнам?

p.s. Шала на страна, патец у средина. СЕРИОЗНА е работава со вашава несериозност! Собрание ли водите или селска кооперација!? Па ја во односот со студентите имам покоректно однесување, отколку вие „државници“ со пратениците“, напиша Апасиев оретпладнето на Фејсбук.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...