29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев од собраниската говорница: Барам веднаш да се тргнат знамињата на ЕУ...

Апасиев од собраниската говорница: Барам веднаш да се тргнат знамињата на ЕУ и НАТО од собраниската сала

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се надевам дека ќе се дружиме само две години, беа првите зборови кои ги изговори Димитар Апасиев, претседателот на Левица, како пратеник денеска од собраниската говорница на седницата за избор на претседател на Собранието.
Министерот за надворешни работи го нарече „Николче Димитров“, по што Џафери како претседавач на седницата го опомена правилно да ги изговара имињата и презимињата на функционерите.

<

– Во левичарските кругови велат сум личел на Че Гевара, но единствен пат во историја од герила директно во Влада му се случило само на Талат Џафери, за што само може да му се честита, рече Апасиев, чија партија за прв пат стана парламентарна на последните избори на 15 јули.

Џафери на ова му возврати дека Апасиев во тој случај е пандан на Фидел Кастро.

Побара да се тргнат знамињата на ЕУ и НАТО од собраниската сала, за да не дојде време и да се стават „такви на САД“.

– Не прозборе ниту еден збор на македонски на конститутивната седница, а и потписот каде што го става во графата за кирилица, него му е на латиница, рече Апасиев за Џафери.

За собранискиот деловник рече дека е „швајцарско сирење“, а за Џафери рече дека своевремено правел филибастеринг со цитирање на Ацо Шопов, а потоа како претседател на Собранието не дозволувал други тоа да го прават.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...