8.6 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаТаравари: Oва е фалсификат на ДУИ, доколку утре се спроведе попис, во...

Таравари: Oва е фалсификат на ДУИ, доколку утре се спроведе попис, во некои места ќе испадне дека има ПОМАЛКУ ЖИТЕЛИ ОД ГЛАСАЧИ НА ДУИ

spot_imgspot_img

Шефот на изборниот штаб од Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за новинската агенција ИНА вели дека ќе достават десетици приговори до Државната изборна комисија за гласањето во Долнени, Пласница, Битола и во Кичево.Имаме чисти случаи на изборен фалсификат, кој се случуваше од 19 часот до 21 часот. Токму во тој момент се прави несфатливата разлика во резултатите. Местењето придонесе ДУИ во Долнени да добие 2 200 гласа, а ние само 200, во Пласница резултатот е 2 000 за нив 100 за нас, што е надвор од умот. Има навистина многу вакви случаи, вели Таравари.

Според него, доколку денеска се направи попис, ќе излезе дека има повеќе гласачи на ДУИ отколку луѓе што живеат во одредени места.

Ова се случува во Кичево. Разликата е толкава што се коси со здравиот разум. Или на одредени избирачки места во Битола, каде што има многу малку или воопшто нема гласачи Албанци, а ДУИ има стотици гласови. ‘Силувањето’ на гласовите е практика која ДУИ ја повторува во секој изборен циклус. Тоа е знак за тоа колку сме далеку од демократија, оценува Арбен Таравари.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...