28.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаНе е можно да има комарци низ Скопје, цело време користиме Германски...

Не е можно да има комарци низ Скопје, цело време користиме Германски препарати.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На властите од град Скопје им е чудно како после толку праскање има повторно комарци низ градот Скопје кога цело време се користат Германски препарати, но и покрај високата цена на препаратите ќе се воведе и дополнително прскање..

<

Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука во вторник да спроведе вонредно прскање на комарци, соопштија оттаму.

Одлуката за вонредно прскање следува по реакциите на граѓаните кои беа револтирани од наездата комарци во градот. Фактор вчера пишуваше дека граѓаните се искасани на по неколку места за само неколку минути.

Од градот потсетуваат дека оваа година извршиле 4 авионски и 4 терестични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци.

„Последната фаза од авионското прскање беше минатата недела, односно на 15 и 16 август, а терестичната дезинсекција се одвиваше од 17 август до 21 август. Дезинсекцијата Градот Скопје ја спроведува според сите светски и европски стандарди, а средството кое што се користи е од најдобриот светски препарат, производство на Бајер – Германија, а прскањето и растварањето на средството се врши согласно упатството на производителот, а под надзор на комуналните служби на градот, соопштуваат од град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...