19.7 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаКомисијата за корупција не најде кривично дело кај Ангеловска за Еуростандард

Комисијата за корупција не најде кривично дело кај Ангеловска за Еуростандард

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Државната комисија за спречување на корупција не утврдува кривична одговорност кај министерката за финансии Нина Ангеловска, но од етички аспект го покренува прашањето од високо ниво и ќе препорача да се доуредат прописите, особено меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Министерството за финансиии и остантите регулаторни тела, со тоа што ќе се додадат уредби со кои ќе се регулира судирот на интереси, ќе се предвиди како тој да се спречи особено оној момент каде што се кажува дека одредени носители на функција имаат можност да располага со информации и истите да ги искористи за себе или да обезбеди корист за некој друг.

<

Ова денеска го соопшти Билјана Ивановска, претседател на ДКСК по седницата на која бил разгледуван предметот за можен судир на интереси со стечајот на Еуростандард банка и депозитот на министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа додаде дека заклучокот е донесен врз основа на целокупната документација прибавена од Министерството за финансии и од Народна Банка.

„Со стапување на функцијата, министерката за финансии по службена должност располагала со информации и податоци за движењата на банкарскиот и на финансиските пазари и имала можност да ги дознае податоците поврзани со банката, каде таа е клиент, а не биле достапни на другите штедачи во таа банка. Овие инфорации податоци можеле да имаат влијанеи врз донесувањето на нејзината одлука поврзана со депозитот во таа банка, со што таа имала предност пред останатите штедачи во банката“, изјави Ивановска.

 

Прв документ, според Ивановска, на кој стои дека се разговарало за ситуацијата во Еуростаднард Банка, бил записникот од 4 јуни.

 

Претходно можеби се разговарало, можеби не, битно е дека самата функција и обезбедува можност да дојде до информации кои се однесуваат на нејзините средства во таа или во која било друга банка. Ние не покренуваме некаква санкција против министерката, но сакаме да го истакнеме етичкото прашање кое е многу битно, изјави претседателката на ДКСК, додавајќи меѓу другото дека сомнежот очигледно е дека постои.

 

Билјана Ивановска, претседателот на ДКСК посочи дека во периодот откако Ангеловска е министер за финансии одржани се два состаноци на Комитетот за финансиска стабилност на 19 март и на 30 април, а записниците, подвлече, упатуваат дека се разговарало за Еуростандар банка.

 

Ивановска како значајно ги потенцира тоа што Владата по препорака на ГРЕКО има донесено етички кодекс во кој е дефинирано дека членовите на владата и носителите на јавни фукнции посебно треба да водат сметка за почитување на Законот за судир на интереси, но и да избегнат сомнеж за постоење судир на интереси, бидејќи, рече таа, јавноста се сензибилизира по ова прашање.

 

Меѓу другото посочи дека Законот за Народна Банка во членот н 43 предвидува дека одржување редовни состаноци, а се информираат меѓусебно односно комуницирањето е уредено и со меморандум, кој во април е дополнет и доуреден.

 

Ивановска информира дека за ДКСК ќе биде приоритет донесување Закон за потекло на имотот.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...