3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонија„Бато“ од Калиопи е вистинска љубовна приказна од Кичево

„Бато“ од Калиопи е вистинска љубовна приказна од Кичево

spot_img

Песната „Бато“ (Rodjeni) ја постави Калиопи на ѕвезденото небо. Поминаа повеќе од 25 години и ден денес никој не останува рамнодушен на прекрасната нумера. Калиопи се има надминато себе си, а кога пејачка како неа кога се надмине тоа е навистина многу, недостижно за многу пејачи. На YouTube има милионска слушаност. Авторот на овој текст сеуште го памети нејзиниот настап во родното Кичево, во домот на АРМ (тогаш ЈНА) за некој празник кога сите скокнаа од воодушевување од изведбата. Што ја натера Калиопи да испее така и да продре во секој од нас длабоко во душата?

Животот пишува приказни, а секоја песна има своја приказна. Според приказната која ми е кажана, оваа приказна потекнува од кичевската калдрма, а се работи за младешка забранета љубов и навистина е емотивна, токму како што познатата кичевчанка ја отпеа во „Бато“. Приказната потекнува од средината на минатиот век. Биле двајца млади, се заљубиле. Била навистина голема љубов, ги знаел градот. Но поради тоа што девојката била многу млада, домашните и забраниле да се гледа со момчето. Минувало време, болката никако не стивнала. Единствен човек кој ги поддржувал е токму братот на девојката, виден и почитуван човек во Кичево. Ја знаел болката на сестра си. Бидејќи и бил најблизок, бил нејзиното рамо за плачење, нему му се изповедала, на својот роден „бато“. Тука некаде настанала и оваа песна. На крајот, сепак биле заедно. Поминале неколку децении додека Калиопи ќе ја преточи во песна.

Откако ми ја раскажаа приказната, разбрав зошто кичевчани реагираа толку емотивно на настапот на Калиопи пред повеќе од 20 години. Неможам да ги напишам имињата, бидејќи не сум ја слушнал лично од Калиопи, но би било интересно лично таа да ја раскаже. А и време е да почнеме со интервјуа, а би ми било најмило првото да биде токму со нејзе, најпознатата кичевчанка Калиопи Букле.

Некогаш кога се шетате по кичевските сокаци, размислете на сите луѓе кои некогаш поминале. Камо среќа улиците да имаа уста за да раскажат што се виделе и слушнале… Кога и да ја слушнете „Бато“, помислете на Кичево.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...