29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаНа 41 година тетовчанецот Драган Стојчевски е прогласен за балкански првак во...

На 41 година тетовчанецот Драган Стојчевски е прогласен за балкански првак во бодибилдинг и фитнес во категоријата „Мастер физик

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тетовецот Драган Стојчевски е прогласен за балкански првак во бодибилдинг и фитнес во категоријата „Мастер физик“ на шампионатот што се одржа овој викенд во Романија. Тој се натпреваруваше во конкуренција на учесници од 40 до 49 години и вели дека не е лесно да се победи на еден ваков натпревар бидејќи строгото жири го гледа и оценува секој мускул.

<

„Судиите го оценуваат атлетското тело на натпреварувачот во целост, при што се согледува неговата симетрија. Освен ова, потребно е да се има и добар изглед на кожата. Интензивно почнав да се подготвувам уште од септември минатата година. Првенството требаше да се одржи во мај, но поради пандемијата на коронавирусот дојде до одложување. Тоа за мене беше дополнителен предизвик, но и потешкотија бидејќи морав постојано да ја одржувам кондицијата и да работам на топењето на мастите и на запазувањето на мускулатурата“, вели 41-годишниот Стојчевски.

Среде напорните тренинзи и подготовки, него го погоди семејна трагедија, кога во јули почина татко му.

„И покрај ова, во периодот јули-август интензивно се подготвував во вид на секојдневни вежби во теретана, а потоа трчање 45 минути. Секако, многу внимавав и на исхраната“, објаснува Стојчевски, кој ја посвети титулата на својот починат татко.

Откако во 2004 година стана „Мистер на Македонија“, а во 2006 и „Мистер на Европа“, негов нареден предизвик ќе биде Европското првенство во Шпанија во средина на септември, но и тоа зависи од состојбата со коронавирусот.

З. АНДОНОВ СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...