8.6 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачки: Украден канабис од 2 милиони евра во Крушево.

Ковачки: Украден канабис од 2 милиони евра во Крушево.

spot_imgspot_img

Пратеникот Драган Ковачки на својот профил на Фејсбук објави дека утрово е ограбен канабис во вредност од 2 милиони евра од фармата за производство „5 летерс“ кај крушевското село Алдинци.
„Утрово повторно кражба на марихуана, овој пат на масло во вредност од 2 мил. евра во “5 летерс” кај Алданци.
Ако веќе 5 дена го чекаме Спасовски да каже за кражбата на оружјето, бомбите и муницијата во СВР Охрид, може да се претпостави дали и кога ќе го расветли случајов со кражбата на масло од марихуана“ објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ инаку по вокација армиски полковник.
Пред една година заедничката акција на Меѓуресорската комисија и МВР откри дека во Алдинци се одгледувала и марихуана која не била пријавена. Во декември 2020, токму од „5 летерс“ беа украдени околу 60 килограми марихуана. Меѓу тројцата осомничени беше и роднина на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...