14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаОд оџак на куќа во Лисиче извадиле 10 кг Мед

Од оџак на куќа во Лисиче извадиле 10 кг Мед

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Викендот во скопско Лисиче се случувала вистинска борба за да се спаси и на сигурно да се дислоцира едно големо семејство пчели. Се започнало кога пчеларот Марјан Станковски добива повик од пријател кој бара од него да даде совет како да се извади еден рој пчели кои се населиле во новоизградена куќа во населбата Лисиче.

<

– Јас сум искусен пчелар но прв пат добивам вакво барање: Да извадам пчелно семејство од оџак. Навистина беше голем поредизвик за мене, но, веднаш се нафатив да го направам тоа, пред се поради пчелите оти знам дека ако останат тука во текот на зимото ќе изгинат. Едноставно знаев дека морам да ги спасам. До сега сум видел многу чудни места каде матицата по роење, делење од матичниот рој, решава да го направи својот дом. Некогаш тоа го прави на гранки од дрвја, на камења, меѓу карпи и пукнатини, во ѕидови, под стреи или на кровови, но никогаш не сум видел да се вдоми во оџак – раскажува за Скопје Инфо Станковски.

Тој вели дека оџакот не бил користен до сега и дека матицата тука најверојатно е доселена оваа пролет и дека доколку остане зимава нема да може да преживее заедно со своите пчели. За нив сепак е потребно суво и побезбедно место за дом. Домаќинот на куќата неколку пати барал од други лица да ја дислоцираат оваа благородна група сожители но никој не се нафаќал на тоа поради неристапноста на локацијата.

– Сопственикот на куќата сакаше пред се да не се повреди ниедна пчела, а и јас исто така. Матицата да остане здрава и својот живот да го продолжи во пчелин сандак кој веќе го имаше подготвенои за нив беше нашата цел. Кога отидов на местото навистина се изненадив. Во оџакот имаше огромно „гнездо“ пчели. Убаво развиено пчелино семејство кое веќе имаше направено неколку убави парчиња саќе долги по еден метар низ оџакот. Фасцинантно би рекол. Беа полни со мед и подмладок. Вадењето беше тешко, прецизно и многу внимателно. Со неколку импровизирани алатки, како свиткана метална лопатка, мал продолжен нож, почнав да ги вадам питите со мед, внимавајќи на секоја пчела. Матицата ја откривме дури во третото парче восок, за среќа неповредена, ја сместив во новото живеалиште, сандакот за пчели кој веќе беше подготвен за неа и нејзините вредни деца   вели Марјан.

Повеќе во 24Инфо

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...