14.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаНа 18 годишно момче од Скопје не сакаат да му издадат лична...

На 18 годишно момче од Скопје не сакаат да му издадат лична карта додека неговата мајка не докаже кој му бил биолошки татко !!!

На 27 јуни, Т. С. роден во Клиничкиот центар во Скопје пред 18 години стана полнолетен граѓанин, ама не може да добие лична карта бидејќи нема матичен број и извод на родените. Овој одличен ученик, иако е роден во Скопје и има двајца родители, државата 18 години не го впишува во Матичната книга на родени, уште не може да сонува првпат да добие ни извод на родени, а не пак лична карта пишува СДК.МК

Државата, всушност, не му го признава биолошкиот татко.

17-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ НИКОГАШ НЕ Е ЗАПИШАН ВО МАТИЧНА КНИГА ОТИ ДРЖАВАТА НЕ МУ ГО ПРИЗНАВА РОДЕНИОТ ТАТКО
Т. С. се надевал дека на 15 јули првпат ќе гласа на избори и ќе се запише на толку посакуваниот Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, но попусто. Мачно е неговото талкање низ правните лавиринти кои се многу заплеткани и во кои законите важат многу строго за обичните граѓани. Тој за САКАМДАКАЖАМ.МК кажува колку е разочаран и беспомошен, апелира до институциите да го забележат дека е човек, граѓанин на Македонија, тука роден.

„Тежок е мојот живот. Со години се бориме со мајка ми да добијам матичен број, извод на родени, како сите граѓани на нашата држава. Поради хуманите луѓе, кои им укажаа на училиштата дека по домашните закони и по меѓународните конвенции секое дете има право на образование, ме примија без документи и завршив со одличен успех основно и средно образование. Но дотука е моето. Ништо не можам натаму без лични документи. Јас немам идентитет“, вели ова момче.

Најмладото од трите деца на татко скопјанец и мајка бугарска државјанка, има брат и сестра, покрај датум, час, место на раѓање и изјава од татка си дека е негово дете. Буквално сѐ што бара законот за секое новородено дете да добие извод на раѓање. По 15-годишна безуспешна битка на родителите да го впишат во Книгата на родени, тие лани во очај се обратиле кај Народниот правобранител Иџет Мемети. Случајот го води неговата заменичка Сузана Салиу.

Мајката В. Е. А. и таткото Ѓ. С. се обиделе да склучат брак во Македонија, но не успеале во тоа, бидејќи таа не доставила оригинални документи за нејзиниот поранешен брачен статус во Република Бугарија. Мајката на момчето без извод е бугарска државјанка, која подолг период живее во вонбрачна заедница со таткото на Т. С., кој е македонски државјанин. Во дводецениската врска тие имаат и други две деца, кои имале среќа да се родат во Србија. За српските власти не било проблем со изјави од родителите, машкото и девојчето што се родиле таму да ги впишат во книга на родените и да им дадат извод. Проблем има нивниот брат, кој имал несреќа да се роди во Македонија.

Управата за водење матични книги не му дава извод зашто кога се родил, бракот со првиот маж на мајка му на хартија сѐ уште не бил раскинат, иако таа две децении не живеела со него туку живеела со невенчаниот сопруг со кого родила три деца. Првиот маж живее во Бугарија. Подоцна таа се развела од него, но штетата, според ригидното размислување на овдешната администрација, е направена за третото дете кое се родило тука.

18-годишниот Т. С. е одличен ученик во целото школување, со бројни награди на домашни и натпревари под меѓународно покровителство, но иако стана полнолетен не може да добие лична карта, ни да се запише на факултет.

Директорот на Управата за водење матични книги Бујар Дардишта вели дека без законска основа, Управата не може да го впиште Т. С. во матична евиденција и објаснува каде е проблемот.

Директорот на Управата за водење матични книги Бујар Дардишта вели дека без законска основа, Управата не може да го впиште Т. С. во матична евиденција и објаснува каде е проблемот.

„Според Законот за семејство и нормите кои важат и строго се почитуваат уште од 1995 година, полнолетното момче сè уште не може да добие извод. Тоа е родено додека мајката бугарска државјанка била сè уште во брак со бугарски државјанин кој живее во Бугарија. Според нашите закони, како негов татко мора првин да биде запишан бугарскиот државјанин и детето веднаш ќе добие извод. Потоа, биолошкиот татко ќе го оспори татковството, во постапка, Управата ќе го запише него. И на мајката на момчето тоа ѝ беше кажано од нашата служба. Со оглед на тоа дека таа 20 години нема никаков контакт со него, беше упатена во Амбасадата на Република Македонија во Софија за да ги контактира тамошните центри за социјална работа за да го контактираат човекот да даде согласност да биде првично впишан тој како татко, за да добие детево извод. Таа е процедурата и ние не можеме да постапиме надвор од неа. Со прости зборови, татко е оној со кој во моментот на раѓање на едно дете, мајката била во брак“, вели директорот Дардишта.

ЗА ПОВЕЌЕ МОЖЕ ДА ПРОЧИТАТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://sdk.mk/index.php/neraskazhani-prikazni/momche-stana-polnoletno-no-ne-mozhe-da-ima-lichna-karta-oti-majka-mu-treba-da-dokazhe-koj-mu-e-bioloshki-tatko/

Извор: СДК.МК

С. К. ДЕЛЕВСКА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска по струшките улици литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“

Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во...

Страотна сообраќајка во „Влае“, едно од возилата е преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово кај мостот „Влајко“ во скопската населба Влае. Во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното е пресечено на...

Петкоска: Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани-Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите!

Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани! Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите! Убедена сум...

Сашо Донев: Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања- Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Драги сограѓани, Мои Охриѓани, Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања. Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...