29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерот за економија Бектеши: Македонските новинари да научат албански, бидеќи јазикот е...

Министерот за економија Бектеши: Македонските новинари да научат албански, бидеќи јазикот е најголемо богаство !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за економија Крешник Бектеши им сугерираше на македонските новинари да научат албански. На прашањето зошто ја започнал прес конференцијата на албански јазик рече дека тоа не е првпат и дека со новинарите говорел на македонски од почит кон најголемата етничка заедница. Тој вели дека јазикот е важен за да се разберат луѓето, а албанскиот бил службен јазик.

<

„На кој јазик ме прашувате, на тој јазик ви одговарам. На пример, на вас ви одговарам на македонски, на новинарите Албанци им одговарам на албански, но не треба првично да ги гледаме овие работи, на кој јазик зборуваме. Секој дополнителен јазик е додадена вредност и тоа секако би било и за вас како новинар имајќи во предвид дека има и многу функционери, но секако имате и многу колеги кои го зборуваат тој јазик“ – порача Бектеши.

Инаку секоја прес конференција на министрите Албанци започнува на албански јазик, па потоа продолжуваат да зборуваат на македонски. Не е тајна дека дел од нив не знаат да говорат македонски. На пример, министерот за животна средина Насер Нуредини изјавите ги дава најчесто на англиски јазик, кој совршено го владее, додека македонскиот го проговори првпат пред новинарите пред неколку дена по година и три месеци колку што е министер.

„Благодарам за прашање, ве разбирам многу добро, фала. Можам да се изразувам многу добро, ако сакате да знаете. Ќе се научам полека, нормално“ – рече Нуредини пред неколку дена.

Инаку новинарите не ретко имаат проблем со албанските функционери. Понекогаш кога одговараат на прашања на албански новинари, одговараат само на албански, па другите новинари се принудени да бараат превод на македонски. Во неколку наврати се случило на состаноци со колеги од Албанија и Косово, пресовите на директорите Албанци да поминат со говор исклучиво на албански јазик, без притоа да се обезбеди превод на македонски. Често преводот е толку лош, што информациите едвај стигнуваат до јавноста во вистинската форма.


АЛФА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...