8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Ние си го имаме Делчево а бугарите градот Гоце Делчев а...

Заев: Ние си го имаме Делчево а бугарите градот Гоце Делчев а споменици насекаде тоа треба да не зближува

spot_imgspot_img

Гоце Делчев е македонски револуционер, но факт е дека Бугарите го сметаат за бугарски револуционер, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата со евроамбасадорот Гир, Заев потсети дека ние го имаме Делчево град кој го носи името на револуционерот, Бугарите го имаат градот Гоце Делчев, а негови споменици има насекаде.

„Заедно се поклонивме со премиерот Бојко Борисов и на споменикот на Делчев во Благоеврград и на гробот на Гоце Делчев во Скопје”, рече заев.

Според него, низ историските личности треба да се гледаме на можноста за зближување.

„Ако ги избегнуваме историските моменти, ги ставаме под тепих и не разговаравме за нив, тоа не е добра европска иднина на Западниот Балкан. Затоа имаме договор да ги решиме овие прашања”, додаде Заев.

Тој најави дека за прашањето за Гоце Делчев ќе разговара на средбата со Борисов која очекува да се случи пред 10 ноември во Софија, однеосно непосредно пред самитот на берлинскиот процес со кој коретседаваат Бугарија и Македонија и којшто треба да се одржи во Софија. Тоа, според Заев, би била негова прва официјална посета

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...