32.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаУште не почната падна страницата за онлајн-настава

Уште не почната падна страницата за онлајн-настава

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Националната платформа за онлајн-настава падна за време на тестирањето и во моментов не е во функција. Учениците кои Министерството за образование ги повика да се запознаат со платформата пред почетокот на учебната година, не можат да се најават на своите профили.

<

„Тестирањето е дел од постапката за постигнување целосна функционалност на платформата. Во тест-фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме потполно функционална платформа до почетокот на учебната година, тестирањата продолжуваат и во наредните денови“,велат од МОН.

Од МОН претходно ги повикаа учениците и родителите во текот на викендот да ја посетат платформата за да се тестира дали системот ќе го издржи оптоварувањето. Оттаму објаснија дека на платформата се поставени видеоупатства и прирачници, но и други содржини кои на лесен начин треба да ги водат корисниците низ платформата.

Министерката за образование Миле Царовска рече дека националната платформа обезбедува учење на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки и ќе ја користат 250 000 ученици и 25 000 наставници во јавните основни и средни училишта.

Царовска најави дека и самите ученици ќе може да ја дополнуваат и да ја надградуваат платформата, со што, заедно со наставниците, ќе им се овозможи директно да учествуваат во унапредување на образованието.

Платформата е изработена во соработка на МОН со ФИНКИ и со помош на МАСИТ.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...