0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаАпасиев: Денес поднесов пријава против Мерсиха Смаиловиќ и уште шестмина други !!!

Апасиев: Денес поднесов пријава против Мерсиха Смаиловиќ и уште шестмина други !!!

spot_img

Универзитетскиот професор и претседател на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, речиси секојдневно е активен и е во центарот на вниманието.

 

Неговата активност особено се засили откако влезе како пратеник во Парламентот, а неговите објави на социјалните мрежи предизвикуваат бура од реакции.

Утрово, партијата Левица каде што Апасиев е лидер излезе со соопштение до јавноста во кое што се вели:

 

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛЕВИЦА – АПАСИЕВ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ОНИЕ КОИ МУ СЕ ЗАК АНУВАА НЕМУ И НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО………..

 

Денес, претседателот на Политичката партија Левица – проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со неговиот адвокатски тим, во архивата на Основното јавно обвинителство Скопје ја поднесоа кривичната пријава против Мерсиха Смаиловиќ од Скопје и уште шестмина други лица кои му се зака нуваа нему и на членовите на неговото поблиско семејство.

 

Наводите од пријавата, претходно записнички се пријавени и до надлежните инспектори во МВР – СВР Скопје, Одделение за борба со компјутерски кр иминал.

Кри вичната пријава е поднесена поради постоење основи за сомневање за сторено тешко кр ивично дело: „Ширење на ра сисистички и ксенофобичен материјал по пат на комјутерски систем“ казниво по член 394-г, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, како и за сторено кри вично дело „Загрозување на сигурноста“ – казниво по чл. 144, ст. 4, а во врска со чл. 23 од КЗ (поттикнување).

 

Очекуваме ОЈО Скопје да постапи по пријавата со истата експедитивност како кога пријавен беше нашиот претседател Апасиев и да ги преземе сите процесни, предистражни и истражни дејствија – слично како во други експонирани случаи, кога како пријавители се јавуваа носители на јавни функции од власта, а нивните заканувачи беа експресно санкционирани (примерите со премиерот Зоран Заев, министерот Оливер Спасовски, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и др.).

Партијата Левица будно ќе го следи текот на истрагата и благовремено ќе ја информира јавноста за постапувањето или непостапувањето на обвинителите од ОЈО по конкретниов предмет.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...