5.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаТри сирачиња оставени на милост и немилост, немаат скршен денар за лебче...

Три сирачиња оставени на милост и немилост, немаат скршен денар за лебче а камо ли за комјутер да следат онлајн настава!!!

spot_imgspot_img

Канал 5 сторија…..

Со скромен и помалку срамежлив поглед, 13-годишниот Идриз желбата за играчки ја замени со молба да добие компјутер за да учи.

„Јас немам со што да учам.“

Со скромен и помалку срамежлив поглед, 13-годишниот Идриз желбата за играчки ја замени со молба да добие компјутер за да учи. Онлајн наставата за него и сестричката Севдије во моментов е невозможна мисија. Сакаат да си ги видат другарчињата барем виртуелно. Само најмалото братче, 8-годишниот Рамадан, е единствениот кој има можност да го посети локалното училиште.

„Немам ни таблет ни лаптоп, ништо за учење. Да беше отворено школото за нас, подобро ќе учевме и ќе се зближевме со пријателите, а немаме ни Интернет. Имам желба некој да ми донесе нешто барем да си учам. Осмо одделение сум, не сакам да одам назад, сакам да одам напред.“ истакна Идриз Злата .

Судбината немилосрдно си поиграла со животите на овие деца од село Семениште. Родителите им починале пред пет години. На помош дошол чичко им Ирмиз кој во нехумани и оскудни услови за живот се труди барем да го поминат денот со полни стомаци.

Трошната куќа во која живеат е безмалку руинирана. Зимата се приближува а импровизираниот тоалет кој го користат е на отворено. Кога троседот станува неудобен се спие и на под. По смртта на родителите се наталожиле и неплатени сметки за струја па на сета мака и извршител затропал на врата. Пари за долгот од 130.000 денари нема.

„Поминати се пет години како им се починати таткото и мајката, родители немаат. Децата сакаат да живеат, да јадат, да пијат. Навистина ни треба помош од државата. Доста луѓе помагаат, еве понекогаш ми носат дрва. Плаќам струја, но поради стар долг ми дојде извршител. Од каде сега да земам пари и да го платам тој долг?“ изјави Ирмиз Даути .

Нивната голгота стигна и до хуманитарецот Али Февзи кој денеска ги посети да им донесе храна и облека. Апелираше за помош.

„Да се помагаме еден на друг, без разлика на вера и нација. Овие деца се сирачиња, сакам да им се помогне, за школо, да имаат услови, да можат да просперираат во својот живот,“ вели Али Февзи .

Овие дечиња ќе имаат доволно храна но само до крајот на неделата. Времето брзо минува, на живеалиштето му е потребно реновирање, на чичко Ирмиз работа, а на децата – капка надеж дека конечно ќе им се насмевне среќата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...