3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДржете го Итар Пејо, кога тогаш Бугарија ќе дојде по него

Држете го Итар Пејо, кога тогаш Бугарија ќе дојде по него

Ваков добар мајтап, како бугарскиот со ЕУ, не смислил ниту Итар Пејо. А кога сме веќе кај мариовецот Пејо, прашање на време е кога Бугарија ќе посака да биде нејзин.

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева „кликна“ и гласно викна дека го нашла судбоносниот одговор на прашањето: Зошто Бугарија бара Македонија да се откаже од македонскиот јазик, нација, историја, а од неодамна и од писменоста? Тоа да ти било бидејќи Европската Унија, барала соседите меѓу себе да имаат добри односи. Па така, таа во едно телевизиско интервју на бугарски медиум рече дека добрососедските односи не ги измислила Бугарија, туку биле основен услов и критериум за членство во ЕУ. Захариева додаде дека Македонија мора да го почитува и да го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство што е потпишан и на македонски и на бугарски јазик.

Во јавноста, вперениот прст на бугарската шефица на дипломатијата кон ЕУ, предизвика низа прашања, меѓу кои и: Зошто Европа дозволува Бугарија да се мајтапи со неа? но, и: До кога Бугарите ќе играат болеро врз нервите на Унијата, кога „добрососедските односи“ на некој начин не се формално дел од договорите на ЕУ. Е, добро, де, беа вклучени отпосле пред десетина и кусур години, во последното проширување со документ „Агенда 2000“ на Европската комисија. Целта на овие „добрососедски односи “, била да не се внесувале „споровите меѓу соседите во Унијата“.

Но, се ќе беше во ред ако истото правило на европејците важеше за сите подеднакво, а не јавноста секојдневно да се прашува зошто но, и до кога Унијата ќе има двојни аршини, еден за сите, а друг само за Македонија.

Слободен Печат

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...