3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаСветКатоличката црква прогласи 15-годишно момче за светец-заштитник на интернетот (ФОТО)

Католичката црква прогласи 15-годишно момче за светец-заштитник на интернетот (ФОТО)

spot_img

Момчето Карло Акутис од Италија имало 15 години кога во 2006 година починал од леукемија, но тоа сега се нарекува „светец заштитник на интернетот“. Католичката црква е на пат да го прогласи за првиот миленијалец светец, бидејќи момчето го користело интернетот за да ја шири верата.

Како што објавија италијанските медиуми, во саботата бил беатификуван на церемонија во градот Асизи, што е последен чекор пред некој да се прогласи за светец. Овој тинејџер бележел наводни чуда и помагал во водењето на сајтови на католички организации.

Акутис се нашол во овој процес откако Ватикан пресудил дека со чудо го спасил животот на едно момче. Црквата тврди дека тој интервенирал од небото во 2013 година за да излечи дете од Бразил кое патело од ретка болест.

Церемонијата е одржана во Базиликата Свети Франческо Асишки во саботата, каде бил откриен негов портрет, а насобраните го фалеле поради неговата добротворна работа.

– Карло го користеше интернетот во служба на Светото писмо за да допре до што повеќе луѓе – рекол кардиналот Агостино Валини на церемонијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...