9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаЕдна од последните објави на починатиот д-р Трајче Нешковски: „Соба број 6...

Една од последните објави на починатиот д-р Трајче Нешковски: „Соба број 6 вечно ќе ја паметам, но и ентузијазмот и храброста на дедо Живко“

spot_imgspot_img

Пулмологот Трајче Нешковски (32) починал вчера попладне откако му се слошило и со автомобилот удрил прво во друго возило во движење, а потоа и во дрво на улицата Рузвелтова во Скопје.

По сообраќајната несреќа, тој со Брза помош бил пренесен на Ургентен центар, но докторите не успеале да му го спасат животот.

Откако веста одекна во медиумите, неговите пријатели, соработници и членови на владеачката СДСМ со неверување се простуваат од Нешковски.

Утрово актуелна е една од неговите последни објави, во која зборува за искуството во ковид-центарот објавува порталот  Точка.

„Дедо Живко ми го исполни срцето, но и докажа дека со дисциплина и многу верба, Ковид – 19 го победуваат и повозрасните сограѓани. ♥️ Искрено, тој е мојот мотив и сила овие денови. Овие примери се мотивирачки за сите здравствени работници. Соба број 6 вечно ќе ја паметам, но и ентузијазмот и храброста на дедо Живко. Човек, кој во поодминати години ни покажа дека животот е еден и вреди подеднакво за сите. Затоа со УМ, со маска, дистанца и дезинфекција. Голема благодарност до целиот тим на Ковид центарот во Козле. Веќе не сме колеги, туку едно големо семејство, кое споделуваа работни обврски, разочарувања, но и вакви убави моменти“, напишал тој на 22-ри јули, среде кризата со коронавирусот. 

Докторот неуморно работеше во ковид-центарот во скопско Козле, за што сведочат и неговите објави на социјалните мрежи за време на самиот почеток на корона-кризата.

Извор Tocka.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кандидатот за пратеник Д-р Александар Веслиески со честитка за престојните Велигденските празници.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита претстојните Велигденски...

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...