-4.1 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев за малиот промет за „Викенд без ДДВ“: Сиромаштија е, граѓаните купуваат...

Заев за малиот промет за „Викенд без ДДВ“: Сиромаштија е, граѓаните купуваат само тоа што им треба

Премиерот Зоран Заев за повратот на средства за проектот „Викенд без ДДВ“ рече дека ќе се врати многу помала сума од планираната на сметките кај граѓаните, затоа што во ек на оваа криза, како што вели тој, граѓаните штедат пари.

– За оваа мерка ќе се вратат некаде околу 1,5 милион евра. Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање при обиколката на претоварната станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.

Премиерот рече дека иако само мал дел од предвидената сума за враќање на целиот ДДВ била искористена, тој вели дека прометот во некои ставки бил зголемен за пет пати.

– Доколку граѓаните сакаат, може да има следен викенд без ДДВ за две или три недели, но најверојатно ќе ги алоцираме останатите средства за друга намена, рече Заев.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...