22.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДве кривични пријави за два ресторани поради организирање свадби.

Две кривични пријави за два ресторани поради организирање свадби.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Две кривични пријави се поднесени за угостителски објекти во Тетово и Скопје каде се организирала свадба, а уште пет кривични пријави биле поднесени за угостителски објекти во Скопје каде не се почитувале протоколите во однос на дозволеното растојание помеѓу масите, бројот на маси и слично, соопшти на денешната прес-конференција, претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.

<

Како што посочи Филиповска-Грашкоска Пазарниот инспекторат, меѓудругото, извршил 642 контроли по основ на здравствените Протоколи за работа на угостителските објекти, а со тоа биле изречени и 24 прекршочни пријави за нерегистрирана дејност, пречекорување на работното време и слично. Дополнително, изречени биле и 52 решенија и 76 прекршочни платни налози за различни субјекти ширум земјава.

„Во периодот од 12 до 18 октомври, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот трудов инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за лекови и медицински средства реализираа вкупно 2.183 контроли, во врска со законите по кои постапуваат како и по однос на одлуките на Владата од кои произлегуваат протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот“, изјави Филиповска-Грашкоска.

Државниот инспекторат за труд реализирал вкупно 395 инспекциски надзори кај работодавци, рече директорката, додавајќи дека од овие надзори, изречени биле 23 решенија за работодавци во повеќе градови, за отстранување на утврдени недостатоци во однос на безбедноста и здравјето при работа, начинот на исплата на платата и работното време.

Како што изјави, Филиповска-Грашкоска, Државниот инспекторат за транспорт во овој период извршил 82 инспекциски надзори и издал три кривични пријави за непочитување на протоколите. Од нив, две кривични пријави сe однесувале за непочитување на Протоколот за вршење на меѓународен превоз на патници на граничен премин Деве Баир и една кривична пријава во Штип за непочитување на Протоколот за вршење на меѓуградски превоз на патници.

Директорката на инспекцискиот совет потенцираше дека службите, како што рече, ќе продолжат да функционираат со полн капацитет за заштита на населението од ширењето на вирусот, но и за заштита на правата на секој граѓанин.

„Нашата цел, како инспекциски служби е да помогнеме во зачувување на јавното здравје и да придонесеме кон обезбедувањето на функционалноста на целиот систем. Во таа смисла уште еднаш би напоменала дека секое непочитување на протоколите и законите ќе биде соодветно и неселективно санкционирано“, рече Филиповска-Грашкоска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски за Арсим Идризи: Ако уште еднаш му се повтори да не зборува македонски, ќе го разрешам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа...

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со...

Втор инцидент за два дена: “Параглајдерист виси на жици во с.Беранци- Битола”

Нов инцидент со параглајдер се случи вчера во селото Беранци, во близина на Битола. Според првичните информации, параглајдеристот завршил заглавен на електрични жици. Засега...

Владата ја зголемила платата на Стојанче Ангелов за 12.784 денари, сега изнесува над 105.000 денари!

*Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, ПЛАТИТЕ РАСТАТ, САМО НЕ НА РАБОТНИЦИТЕ Ако зголемувањето на платите на работниците кое им...