8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаДоживотен затвор за 55 годишниот двоен убиец од Струмица, Марјанчо Велев !!!!!

Доживотен затвор за 55 годишниот двоен убиец од Струмица, Марјанчо Велев !!!!!

spot_imgspot_img

Пресудата, која денеска беше изречена во Основниот суд во Струмица се однесува за убиството на неговиот сограѓанин Александар Мицев, извршено пред две години на 9-ти октомври.

Обвинителтвото го товареше 55 годишниот Велев дека откако со убиениот склучил договор за купопродажба на недвижен имот, заедно заминале во струмичкото село Добрејци за наводна исплата на парите во готово, но кога останале сами сега осудениот ја искоритил приликата и со два куршуми го усмртил Мицев .

Главата му ја завиткал во перница и стреч фолија, го ставил во метален резервоар и го фрлил на дното на езерото „Турија”. Телото на починатиот беше пронајдено во браната на 5-ти август лани.

Во февруари годинава овој суд на Марјанчо му изрече казна затвор во траење од 20 години и за убиството извршено врз струмичанецот Ристо Иљашев на 7 мај 2019 година, чие тело на 20-ти јуни лани исто така беше пронајдено во браната.

Со денешната доживотна казна како што објасни судиката согласно Кривичниот законик се смета за единствена за двете убиства.

Обвинителката Виoлета Милчовска по рочиштето изјави дека е задоовлна од донесената пресуда.

Обвинететиот Велев, на почетокот на судењето, на 7-ми овој месец, пред судот се изјасни за невин и тврдеше дека не го сторил делото за кое е обвинет. Тој има право на жалба до Апелацискиот суд во Штип во рок од 15 дена.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен скопјанец кој со ловечка пушка им се заканувал на жители на Богомила

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, уапсија 36 годишен скопјанец кој со ловечка пушка им се закнувал на жители од село Богомила. На 03.05.2024 во...

На денешен ден во 1945 година е утврдена македонската азбука со 31 буква

На денешен ден 1945 година, Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела...

Мицкоски: Денес е најтешкиот ден во Христијанството, ден на христовите страдања за човештвото.

Велики петок (уште нарекуван и Распет петок) се смета за најтежок празник во христијанската религија. Настанот кој е поврзан со овој празник е христовото...

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...