18.8 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаМВР во следните две години ќе купува гориво од „Пуцко Петрол“, сопственост...

МВР во следните две години ќе купува гориво од „Пуцко Петрол“, сопственост на син на пратеник од ДУИ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нов милионски тендер за фирмата „Пуцко Петрол“ од Пласница. За еден милион и триста илјади евра, со екстра лесно гориво ќе го снабдува во следните две години Министерството за внатрешни работи. Договорот е склучен вчера, а објавен на Бирото за јавни набавки денеска. „Пуцко Петрол“ е во сопственост на синот на пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски. Според документите, на електорнската аукција за милионскиот бизнис, се пријавиле пет фирми. Па така за еден литар екстра лесно гориво, највисоката понуда била 44,06 денари додека најниската или онаа на „Пуцко Петрол“ била 43.64 денари. Со ова ја победиле конкуренцијата за помалку од половина денар. Фирмата дала и попуст поради големата количина и високата цена.

<

„Висината на одобрениот рабат од трошоците на промет согласно последната важечка одлука на Регулаторната комисија за енергетика од 27.7.2020 година и постигнатата цена по е – аукција на 25.9.2020 година изнесува 4,21 денар“, се наведува од Бирото за јавни набавки.

Инаку, според Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на екстра лесно гориво е 50.5 денари за литар. Вкупниот попуст на „Пуцко Петрол“ за МВР изесува речиси 7 денари. Минатиот месец, „Пуцко Петрол“ склучи договор со МВР и за вредносни ваучери за гориво. Тендерот тежи 315 илјади евра. Според објавените податоци на Бирото за јавни набавки, во септември, или само еден месец откако Исмаил Јахоски беше избран за народен пратеник од редовите на ДУИ, „Пуцко Петрол“ победи на државни тендери вредни над половина милион евра. Фирмата победи и на тендер во Општина Чаир, која ја води кадар на ДУИ. Доставила за 68 денари поефтина понуда и го доби тендерот во Чаир врден 19 илјади евра. На 2 – ри месецов, „Пуцко Петрол“ доби тендер и од општина Кисела Вода и за 10 илјади евра ќе ги снабдува со нафата и бензин. Нивната понуда е единствена и ниту една друга фирма не се пријавила на тендерот.

Бојан Стојановски Алсат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...