18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЦЈЗ ги бара контактите на Амди Бајрам

ЦЈЗ ги бара контактите на Амди Бајрам

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Починатиот Амди Бајрам е влезен во денешната Ковид статисатика, откако вчера попладне неговиот постмортем тест покажа дека е позитивен на корона вирусот. Информацијата ја потврдија од Институтот за јавно здравје и со тоа се отвора можноста за изолирање на сите контакти кои непосредно пред смртта биле со поранешниот пратеник, но и сите оние кои присуствуваа на свадбата на внуката на Бајрам во Турција. Засега не добивме официјален одговор ниту од Центарот за јавно здравје ниту од Државниот санитарен и здравствен инспекторат колкумина треба да бидат во домашен карантин. Епидемиолозите се жалат дека роднини не сакале да соработуваат но и да ги кажат лицата кои биле на свадбената церемнонија. Дали има кластер и колкумина се во ризик да се заразат со вирусот најверојатно ќе дознаеме утре.

Од друга страна, уште синоќа Министерството за здравство излезе со соопштение по информациите дека починатиот Амди Бајрам има позитивен тест на корона, дека Центарот за јавно здравје ги презема сите мерки за заштита и спречување на ширење на инфекцијата.

<

-Од страна на ЦЈЗ Скопје, согласно редовната постапка во вакви случаи, итно ќе биде спроведена епидемиолошка анкета со најблиското семејство на починатиот со цел точна и детална идентификација на контактите во изминатите денови. Со анкетата, ќе биде направена евалуација на степенот на ризик и ќе биде дадена препорака за тестирање, односно самоизолација за неговите контакти, порачаа синоќа здравствените власти.

Но досега се уште не е издадено ниту едно решение за изолација од страна на надлежниот здравствен и санитарен инспекторат.

сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...