29.9 C
Ohrid
вторник, јули 22, 2025
ПочетнаМакедонијаШилегов до пожapникapите: Aкo ви е мaлa плaтaтa, нajдете cи дpyга paбота

Шилегов до пожapникapите: Aкo ви е мaлa плaтaтa, нajдете cи дpyга paбота

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скопските пожарникари утре излегуваат на протест. Велат дека градот Скопје не им го исплаќа надоместокот за опасност при работа.

<

„Пожарникарите тврдат дека уште пред година и пол судот одлучил надоместокот за опасност при работа да влезе во редовната плата но како што велат, се до овој момент градските власти одбиваат да го спроведат решението“

Последното барање го испратиле пред пет дена ама не добиле одговор па денеска одржаа предупредувачки протест во кругот на противпожарната бригада во Автокоманда.

Очекуваат градоначалникот Шилегов да ја спроведе судскатата одлука за исплата на додатокот за опасност при работа.

„Години наназад градот Скопје не ни го плаќа надоместоток за опаснот при работа во редовна плата, туку приморани сме тој надоместок да го добиеме преку судски пат. Сакаме уште еднаш да упатиме барање до таткото на градот, во текот на денешниот ден да ја разгледа можноста и да нареди корекција на плата со надоместокот од судските пресуди“, вели Дејан Исаевски, Иницијативен одбор при БППЗ-Град Скопје.

Градските власти негираат дека има одлука од судот, велат платите за пожарникарите ги добивале од државата ама без надоместок за опасност при работа. Градоначалникот Шилегов уверува дека заедно со двата противпожарни синидкати се водат преговори за надминување на проблемот. На незадоволните од висината на платата им порача да си најдат друго вработување.

„Работиме на изнаоѓање на системско решение како би се надминал проблемот, до тогаш градот и да сака не постои начин како ја врши оваа исплата. Ако некој смета дека му е мала платата во противпожарната бригада, додека не го најдеме системското решение во секое време може да си побара работа на друго место“, изјави Петре Шилегов, Градоначалник на Град Скопје.

Во меѓувреме, додатокот за опасност при работа, пожарникарите го добиваат по судски пат – го тужат градот Скопје кој има обврска да ја исплати сумата. Градските власти велат дека по тој основ се исплатени 1 милион и 300 илајди евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Страшна сообраќајна незгода во Битола: При судар комбе со џип настана пожар на едно од возилата.

Во 18:55 часот денеска била примена дојава за сообраќајна незгода во битолското село г.Оризари. Територијалната противпожарна единица Битола интервенирала со едно возило и пет пожарникари. Засега...

Поранешниот телохранител на премиерот Христијан Мицкоски вели дека е невин.

Поранешниот телохранител на премиерот Христијан Мицкоски и припадник на Шестата управа на МВР, Ангел Самараков, денеска се појави пред Кривичниот суд во Скопје како...

Трагедија во Албанија: Македонски државјанин се удави на плажа кај Драч!

Во близина на албанскиот град Драч, на плажата кај Каваја, попладнево трагично животот го загуби 66-годишен македонски државјанин. Како што информира албанската полиција, несреќата се...

Од ДУИ велат дека за локалните избори имаат сигурна победа.

Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција, г‑дин Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која се разгледаа актуелните политички случувања во...