6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаРасте бројот на заразени од Ковид-19, намалена смртноста- наместо по 25 по...

Расте бројот на заразени од Ковид-19, намалена смртноста- наместо по 25 по 15 починати на ден -Армијата ангажирана во справување со пандемијата

spot_img

Речиси двојно намалена смртноста, но во континуитет расте бројот на новозаразени од коронавирусот Ковид-19 во државава. Вчера се регистрирани 1275 заразени, а починаа 13 лица што е пад за разлика од претходните три дена кога имавме 22, 24 и 21 починати како последица од вирусот.  Процентот на новозаразени од Ковид-19 во однос на тестирањата расте, односно 33, 37 и вчера 38 отсто.

Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски вчера и нареди на Армијата дел од силите и средствата да ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на државните институции при справување со последиците од пандемијата на коронавирусот.

– Со оваа наредба, која стапува во сила веднаш, дел од ресурсите и од средствата на Армијата ќе се ангажираат како невооружени сили на извршување на задачи за поддршка на институциите на државата при справување со последиците од пандемијата на Ковид-19, соопшти кабинетот на Пендаровски.

Согласно наредбата на претседателот, Армијата ќе ангажира сили и средства за медицинска поддршка на работата на здравствените установи и центри на Министерството за здравство, транспорт на заштитни и медицински средства и опрема.

Армијата ќе помага и за обезбедување на магацински простор за складирање на заштитни и медицински средства и опрема, поставување на шатори и друг вид на сместувачки капацитети наменети за лекување на заболени лица, како и за дезинфекција на простории и површини.

На клиниките и болниците во државава, според вчерашните податоци на Министерството за здравство, хоспитализирани се вкупно 887 пациенти од кои 130 се на кислородна поддршка. Оваа состојба на исполнетост на капацитетите во последниве четири дена се зголемува за седум до 12 пациенти на дневно ниво.

Од општите болници информираат дека се подготвени да ги адаптираат одделенијата за прием на пациенти доколку има потреба од тоа.

Директорот на струшката болница Мухамед Асани, вчера информираше дека хоспитализирани се 18 лица позитивни или со сипмптоми на коронавирус и дека во одделот имаат 32 кревети, кои доколку се потполнат, ќе се прави преадаптација во други одделенија.

– Доколку се потполнат предвидените легла на Интерното одделение, ќе го преадаптираме Детското одделение. Секогаш имаме резервна опција, вели директорот.

Од почетокот на пандемијата во Струга и струшко починале 75 лица како последица од компликации од коронавирусот.

Во Струмица од вчера девет лекари и медицински сестри и тројца техничари од Општата болница се во изолација откако било потврдено дека се позитивни на коронавирусот. Заради тоа, директорот на болницата, д-р Наќе Гогов информира дека неизвесно е кога ќе биде отворен дополнителниот оддел за прием на ковид-пациенти во новото болничко крило.

-Тоа ни го отежнува и вкупното работење на болницата, а почнувањето со работа на новиот оддел ќе зависи од расположивиот персонал. Треба да ни дозволат да направиме прием на персонал, сестри и лекари, за да може некој да работи таму, рече директорот Гогов.Во Струмичката болница моментно се лекуваат 100 пациенти, од кои 45 се хоспитализирани, а останатите 55 се лекуваат со примање терапија во дневната болница.На Универзитетската клиника за радиологија позитивни на Ковид-19 се четворица вработени меѓу кои и директорот Даниел Ѓурчинов. Сите се во добра состојба и на домашно лекување, потврдија за МИА од Министерството за здравство.Посочуваат дека на Клиниката нема застој во работењето, бидејќи од четворицата заболени, двајца се вработени во администрација, а еден е техничар.

Новите мерки на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19 се активни. Задолжително треба да се носат маски. Носењето маска на отворено има исклучоци при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Угостителските објекти работат до 21 часот. Забрането е групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот како и движење на јавен простор доколку граѓаните немаат важни и неопходни потреби. Се препорачува граѓаните да не се групираат во домовите по повод семејни прослави, слави или други собири во групи поголеми од четири лица што не живеат во иста заедница.

Извор Сител Телевизија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...