28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаФлоријан Бибер до Захариева: Ако Тито не смее да се слави во...

Флоријан Бибер до Захариева: Ако Тито не смее да се слави во ЕУ, чудо е како влегоа Словенија и Хрватска

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бугарското МНР апсурдно тврди дека Тито не смее да се слави во ЕУ. Чудо е што Словенија и Хрватска влегоа во ЕУ (јас сигурно сум ги промашил сите македонски славења на Тито), напиша Флоријан Бибер, професорот на универзитетот во Грац, експерт за политиката и историјата во Југоисточна Европа.

<

Тој на својот твитер-профил го искоментира ставот на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која објаснувајќи го спорот со Македонија порача дека не може државата од една страна да сака да влезе во ЕУ, а истовремено да го слави, како што рече, „еден од најмрачните диктатори – Тито“.Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева повтори дека Македонија не е подготвена да почне преговори со ЕУ и го обвини Скопје за ширење омраза кон Бугарија.

„Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислиле Тито и Сталин, ние со тоа ѝ вршиме услуга на Москва“, рече Захариева.

мкд.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...