14.9 C
Ohrid
среда, мај 15, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарската шефица: Албанија има зелено светло за датум на преговори но не...

Бугарската шефица: Албанија има зелено светло за датум на преговори но не и Македонија !!!

Бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева потврди дека ќе дадат зелено светло за Албанија, но не е и за Македонија.

„Република Бугарија може да ја одобри преговарачката рамка со Албанија, со оглед на тоа дека сметаме оти се исполнети многу од условите што беа одредени во март. Сепак, не можеме да го поддржиме тоа со Северна Македонија“, изјави попладнево Захариева.

Таа се обрати пред новинарите откако заврши денешната видео конференција на Советот за општи работи на ЕУ.

Таа тврди дека нема напредок во исполнувањето на Договорот за добрососедство кој беше потпишан летото 2017 година.

„Добрососедството треба да се базира на пракса, а не само на текст“, вели таа.

Република Северна Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов, Бугарија не смета дека е подготвена. Ова го изјави во утринската емисија „Денот започнува“ министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

Таа неодамна ја посети Бугарија, каде зборуваше за бугарско малцинство, по што Македонците од Албанија реагираа дека всушност македонското малцинство го именува како бугарско.

Холандија претходно изрази негодување околу тоа дали Албанија треба да ги почне преговорите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ќе премине во ВЛЕН

Вицепремиерот Битиќи прво ќе делува како независен пратеник, но ќе биде на линија со ВЛЕН кога ќе биде потребно Бадентерово мнозинство, а потоа и...

Љупчо Палевски е однесен во затворот во Шутка во 30 дневен притвор

Палевски вечерва е екстрадиран од Турција со редовен лет од Истанбул на скопскиот аеродром и пред малку е однесен во затворот во Шутка. Министерството за...

Светот се збогува со Гудрун Јур – Нашата супер бабичка !!

Британската актерка Гудрун Јур, ѕвездата на омилената детска серија од 1980-тите „Супербабичка“, почина на 98 години во својот дом во Лондон. Нејзината изведба на...

СДСМ се подготвува за „процесот на обнова“ на сите нивоа во партијата

Социјалдемократите од наредната недела ги почнуваат подготовките за свикување на отчетниот Конгрес на кој ќе се реферира за изборните резултати и реструктуирање на партијата...