3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаД-р Пановски за терапијата за КОВИД-19: Толку труење со лекови одеднаш ни...

Д-р Пановски за терапијата за КОВИД-19: Толку труење со лекови одеднаш ни атлетичар не би издржал.

spot_img

Професорот Никола Пановски денеска објави на својот профил на Фејсбук приказ за лекување на пациент со ковид-19 во еден град во внатрешноста и што сѐ му било пропишано на еден пациент. Ја пренесуваме во целост неговата објава:

„По непроспиена ноќ и консултација со пет колеги, кои ги почитувам, а се активни во борбата против ковид-19, и нивниот одговор 4:1, дека треба да објавам приказ на случај на пациент, не го знам, воден од интернист и него не го знам (резултатите се со избришани имиња и ЕМБГ, ги имаат петте колеги и министерот Филипче, не би ги објавувал оригинално, сепак):

Пациентот е со ЦРП 1,5, леукоцити 3,5, и сѐ друго е во нормала освен покачени д димери 850. РТГ – понагласена бронхијален цртеж долу десно.

Терапија: панцеф, 10 дена, сумамед 6 дена, моксирал 10 дена, тоа од антибиотици, друго: ампули Nevaxon, Aminophyllinum, Novalgetol, Urbason, Famotidin, Clexan, се тоа да се прима два пати на ден, инфузија NaCl, и уште 3 суплементи во таблети.
Пациентот ги купил сите лекови за 7.000 денари, за среќа налетал на мои совесни колеги кои го пратиле на друг интернист и избегнато е „труење со медикаменти“. Се работи за регион во Македонија каде смртноста од ковид е три пати повиска од просекот кај нас, а ова била стандардна терапија. Како стручен за антибиотици нагласувам: „сумамед“ се пие 3 дена, никогаш не се комбинира со „моксирал“, спектарот им се преклопува, а инаку во случајов нема индикации за антибиотик, нема пневмонија. За другите лекови нема да коментирам, само не ги разбирам зошто се дадени освен клексанот.

Primum non nocere – пред сѐ, не прави штета.
Порака до Министерството за здравство, Лекарската комора на Македонија, МЛД, Ве молам под итно преведете протоколи за ковид-19 и објавете ги!!! Хрватските се ок. Ова лудило мора да престане. Едуцираните и совесни матични лекари и оние од секундарното ниво на здравствена заштита се под невиден притисок од пациентите да се приклучат кон ова лудило и епидемија од полипрагмазија (неоправдана и непотребна истовремена употреба на повеќе лекови н.з.). Штетата е огромна во секој поглед, па и во смисла на смртноста. Волку лекови одеднаш ни здрав атлета не би издржал.“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...