Новинарот Фуркан Салиу ја имаше таа чест да поразговара и да направа интервју со најстариот жител на Република Македонија за време на парламентарните избори.
Во целост ќе ви го прикажеме неговиот Фејзбук Статус:
На последните парламентарни избори, имав среќа да ја снимам најстарата гласачка во државава. На 110 години искочи со помош на синот, и го искористи своето демократско право.
Родена во јануари 1910, многу добро се сеќава што правеле бугарските фашисти во нејзиниот регион.
Јас ја прашав во кој систем се чувствувала по сигурна, затоа што поминала и монархии и комунизам, а дел од својот живот го помина и во демократија.
Иако истрошена, болна и со 110 години, многу добро се сеќава на теророт што го трпеле од бугарските фашисти.
Ми рече;
„Синко, најтешко ни беше кога дојдоа Бугарите. Немаше маж во селото кој не беше истепан. Пченицата ја чувавме по оџаци, за да не остават барем без леб, затоа што ни земаа се што имавме. Стоката ни ја убиваа, а брашното ни го земаа, луѓе умираа за леб. Ако ништо повеќе, денеска се знае дека барем во твојата куќа си на раат.„
За злосторствата кои се направени во тој период има сеуште живи луѓе кои може и да ги потврдат, и тоа не може да се негира. Не патеше само македонскиот народ од бугарскиот фашизам, туку сите народи кои живееја на оваа територија. Тоа не може да се негира!
Денешната бугарска држава не може да се спореди со таа монструозна машина, но за да докажат дека се европска држава која полека го трансформира и општеството во модерно и европско, овие историски факти мора да ги прифатат и да продолжиме заедно. Токму поради злото што го имаат направено на овие народи, Бугарија е должна да ни помогне на секој начин за да се подобри животот на овие луѓе кои патат со децении.
На последните парламентарни избори, имав среќа да ја снимам најстарата гласачка во државава. На 110 години искочи со…
Posted by Furkan Saliu on Thursday, November 26, 2020