17.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаИсповед на македонски коцкар: Благодарение на новите мерки ќе се спасам од...

Исповед на македонски коцкар: Благодарение на новите мерки ќе се спасам од коцкањето.

Работам како таксист, и секој ден по завршувањето смената, колку и да не сакам, сепак влегувам во казино. Знам дека е лошо, страда семејството, но апаратите за игри на среќа ме влечат како некоја магија.

Затоа, кога стапија на сила новите мерки, според кои на невакцинирани лица им се забранува влез во казина, видов зрак на надеж, дека ќе се одвикнам и спасам од коцкањето – вака за ,,Фокус” раскажува таксист од внатрешноста, кој вели дека со години наназад трае неговата битка со зависноста од игрите на среќа.

Појаснува дека е свесен како влегол во еден круг од кој тешко го гледа излезот, бидејќи колку и да си ветувал, сепак на крајот на денот, не успевал да одолее да не влезе во едно од многубројните казина во неговиот град.

Беспарица, долгови, семејни проблеми, се е тоа дел од секојдневието на оние кои се редовни кога е коцкањето во прашање. Ќе работиш по цел ден, на крај за половина час ќе останеш без денар. Токму поради тоа, кога се донесе одлука да не смеат невакцинирани да влегуваат во казина, си реков дека ако сега не се спасам себе и семејството кое поради мене страда, никогаш нема! Не сум вакциниран, неодамна го прележав вирусот, и ќе видам што ќе ми донесе оваа одлука во иднина- раскажува тој.

Додава дека и негов пријател, кој исто така бил редовен во локалните казина, решил на ист начин да се обиде да ја победи зависноста.
И тој не бил вакциниран, и во забраната за влез во казината гледал како на шанса за спас од порокот со кој се борел со години.

-Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Не е лесно да се надмине овој проблем, тоа го знаат сите кои се навлечени на игрите на среќа, и се во состојба да пробаат се, само за да се одвикнат од лошата навика. Знам дека вакцината се препорачува како излез од пандемијата, но јас првин треба да излезам од овој магепсан круг, па потоа ќе мислам што понатаму – искрен е човекот.

Од асоцијацијата на спортски обложувалници алармираат дека по носењето на новите мерки им се испразниле казината и прометот за само неколку дена драстично им се намалил. Сепак, порачаа дека ќе ги следат владините мерки и протоколи кои се во интерес на заштита на здравјето и превенција од ширење на вирусот.
Инаку, во обложувалниците и казината работат околу 10.000 луѓе, а преку даноците кои ги плаќаат, годишно во државниот буџет се слевале 280 милиони евра.

Вики Клинчарова Фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби не зел ливче за претседателските избори..

Вицепремиерот Артан Груби на својот фејсбук-профил се вклучи во живо во моментот на пристигнување на избирачкото место во ООУ „Петар Здравковски Пенко“ во скопски...

За победа во вториот круг избори за претседател потребни 362.864 гласови, a за успешност на изборите треба да излезат 725.727 гласачи

Во земјава денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои 1.814.317 граѓани со право глас ќе можат да се определат за еден...

Технички проблем: Со УВ ламба и спреј ќе продолжи гласањето на избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми со биометриските уреди, гласањето...

МПЦ – ОА со повик за изборите: Да го искористиме дарот од Бога и масовно да излеземе на гласање

На денот на изборите Македонската православна црква Охридска архиепископија упати повик за изборите во кој се бара граѓаните и верниците да го искористат дарот...