25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаМакедонијаЗголемен бројот на доделени стипендии за ученици Роми.

Зголемен бројот на доделени стипендии за ученици Роми.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На иницијатива на Министерството за образование и наука дополнително е зголемен бројот на стипендии за ученици Роми кој беше предвиден да се додели со последниот распишан конкурс за оваа намена.

<

Покрај тоа што е распределен првичниот фонд од вкупно 880 стипендии, дополнителни 39 ученици чии апликации согласно рангирањето добија идентичен број на бодови во две од вкупно пет понудени категории, исто така се стекнаа со правото на стипендија.

Сите добитници на стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до 18.12.2020 година да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје). Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Учениците Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Македонија во учебната 2020/2021 година, од 27ми октомври до 9ти ноември имаа можност да аплицираат за стипендија во 5 различни категории согласно постигнатиот општ успех.

Освен припадноста кон ромската заедница и статус на редовен ученик, секој кандидат беше потребно да исполни и неколку други услови, односно да е државјанин на Македонија, да не е корисник на друга стипендија и да има примерно поведение, при што предност при селекцијата се даде на кандидатите со повисок општ успех во секоја од категориите.

Зависно од категоријата, висината на стипендиите се движи од 600 до 2.200 денари месечно за осум месеци во годината.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...