12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВо понеделник истекува рокот за ваучерите за туризам !!

Во понеделник истекува рокот за ваучерите за туризам !!

spot_imgspot_img

Во понеделник истекува рокот на ваучерите за туризам, помошта наменета за ранливите категории граѓани кои можеа да ги искористат за одмор во некои од македонските туристички центри. Од Министерството за економија за Фактор велат дека во нивната програма за 2021 година исто така има предвидено активност за издавање на ваучери за туризам, но тоа најверојатно ќе биде некаде во април.

-Дополнително за износот на ваучерите, како и начинот за издавање ќе се дефинира во самата Програма за 2021 година. Инаку, заклучно со вчерашниот ден искористени се 57.048 ваучери за туризам. Неискористените ваучери пропаѓаат и средствата предвидени за овие ваучери се враќат во Буџетот на РСМ, посочуваат од Министерството за економија за Фактор.

Истовремено, од Министерството за економија појаснуваат и дека согласно Програмата за 2021 година се предвидува и издавање на ваучери и други проекти за опоравување од кризата со корона вирусот.

Инаку, добитниците на ваучери за летување од 6.000 денари летувале убедливо најмногу во хотелот Инекс Дрим во Струга според исплатите на Министерството за финансии до 1 октомври.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...