4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМерката за користење на ваучерите за одмор ќе продолжи и наредната година

Мерката за користење на ваучерите за одмор ќе продолжи и наредната година

spot_img

торник на 15 декември 117.122 граѓани ќе може да ги користат ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети што ги добија од државата.

Рокот за аплицирање на јавните повици за грантови за туристичките агенции, игротеките, рестораните за свадби, ноќните клубови, туристичките водичи, како и за повратот на туристичка такса, кои се дел од четвртиот сет актикризни мерки, беа продолжени за една недела.

Ваучерите, вредни 6.000 денари, се доделени на лица со приходи до максимум 15.000 денари месечно. Тие може да одберат каде ќе летуваат или зимуваат преку Платформата www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk на која се објавени расположливите хотели, приватни апартмани, автокампови, одморалишта, бањи, опфатени со оваа владина мерка.

– Бидејќи во текот на минатата недела, откако беа објавени јавните повици за мерките за грантови, утврдивме дека доцнат уверенијата од Управата за јавни приходи, денеска донесовме одлука рокот за аплицирање да го продолжиме за една недела за да може да аплицираат сите кои ги исполнуваат условите. Целта на овие мерки е да бидат искористени од оние за кои се наменети. Затоа испланиравме толку средства, знаеме колку лиценци има за ресторани за свадба, колку пари се исплатени за туристичка такса и колку трустички водичи има и врз тие податоци ние ги програмиравме средствата за овие мерки. Има доволно пари за сите, рече претходната недела Бектеши.

Тој најави дека следната година ќе продолжи и мерката ваучери за домашен туризам за што веќе се обезбедени средства во Предлог-буџетот на Министерството за економија.

„Мерката ќе се продолжи, но можеби тоа нема да биде во јануари, би можело да биде веќе во вториот квартал, односно во април. Но, во Буџетот на Министерството за економија се предвидени средства за оваа мерка и за следната година“, рече Бектеши.

Додаде дека следната година во Предлог-буџетот на Министерството за економија се предвидени 250.000 евра за дигитална промоција на туристичка понуда на земјата со цел повторно да се привлечат странските туристи после пандемијата. бак/нд/

Скопје, 23 ноември 2020 (МИА)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...