22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерот Филипче поддржува декриминализација на марихуаната за лична употреба

Министерот Филипче поддржува декриминализација на марихуаната за лична употреба

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашната дебата на „360 степени“ рече дека економскиот бенефит што би го добила државата од извозот на цвет од канабис, како и средствата од даноците кои ќе се плаќаат, ќе бидат наменети и за програмите на Министерството за здравство и за пациентите со ретките болести.

<

-Во делот на економскиот бенефит, директно ќе го осетат нашите пациенти. Таа програма на Владата преку која ќе се регулира како ќе се користат средствата од даноците ќе биде наменета, меѓудругото и на програмите во Министерството за здравство. Така почнавме, да ги зголемиме програмите во делот на ретките болести, а за тоа имаме согласност и поддршка од здруженијата на пациенти со ретки болести – вели Филипче.

 

Тој додаде дека поддржува декриминализација на канабисот за лична употреба, но, како што истакна, тоа мора строго да се регулира.

-Подготвени сме да отвориме една многу широка дебата во општеството во којашто ќе учествуваат сите чинители. Подготвени сме да ги слушнеме идеите на граѓанските организации, здруженијата на пациенти, да видиме кои процеси треба да ги преземеме. Тука Министерството за здравство не е само, тука има и други институции на државата како Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи – рече Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...