-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаГерманија донира респиратори и пулс-оксиметри

Германија донира респиратори и пулс-оксиметри

spot_img

Германија денеска на македонското Министерство за здравство му донираше респиратори и пулс-оксиметри во вредност од речиси 900 илјади евра, како и помош за поликлиниката во Шуто Оризари.

Амбасадата на Германија денеска во Министерството за здравство предаде донација од 84 респираторни машини и 100 пулс оксиметри со вкупна вредност од 878.768 евра, во рамки на поддршката на Германија за земјите од Западен Балкан.Амбасадата соопшти дека донацијата се реализира благодарение на одличната соработка меѓу владите на Германија и Северна Македонија и во партнерство со канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.

„Секаде во Европа се справуваме со корона-пандемијата, а притоа европската солидарност е од големо значење. Сè додека не се безбедни сите, не е безбеден никој од нас. Од тие причини, Германија ја поддржува Република Северна Македонија во борбата со корона-пандемијата”, информира Амбасадата.

Инаку денеска е предадена и германска донација во висина од 16 илјади евра во поликлиниката во Шуто Оризари. Набавена е опрема и медицински материјали, а дел од донацијата се и личната заштитна опрема и кислородните маски.

Донацијата од Германија е на иницијатива на сојузната Влада за време на германското претседателство со Советот на Европската унија.

Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн истакна дека Германија досега го има поддржано регионот на Западен Балкан со 15 милиони евра, а Европската унија со три милијарди евра во кои Германија учествува со скоро една третина.

„Со оглед на состојбите, главен акцент на нашето претседателство беше справувањето со пандемијата и нејзините последици. Овде во регионот на Западен Балкан имаме партнери кои при борбата со пандемијата можат да се потпрат на нас”, рече Холштајн, посакувајќи им брзо опоравување на сите граѓани кои се борат со вирусот.

 

За министерот за здравство Венко Филипче, донацијата е значајна бидејќи е набавена опрема со која ќе се зголеми пристапот и квалитетот на здравствена заштита на граѓаните од Шуто Оризари. Тој најави и реновирање на поликлиниката на почетокот на следната година, а во рамки на институцијата отворен е и центар за брзи тестови и има дежурна служба и лабораторија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...