27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаСветМицотакис: Вакцината е новогодишен подарок за 2021 година

Мицотакис: Вакцината е новогодишен подарок за 2021 година

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На пандемијата и вакцината, акцентот го ставија претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во нивните новогодишни видео пораки до граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина.

<

Сакеларопулу истакна дека „вакцината е пасош за нашата слобода“, а Мицотакис дека „вакцината е пасош за подобар живот“, но и новогодишен подарок.

Грчкиот премиер истакна дека сега е време, „зрело да се помине мостот меѓу крајот на борбата против коронавирусот и почетокот на битката за напредок“.

– Вакцината против Ковид претставува новогодишен подарок за 2021 година, а подарок за возврат од нас е целосно прифаќање, бидејќи тоа значи самозаштита, но и солидарност кон нашите сакани – порача грчкиот Мицотакис.

Грчката претседателка истакна дека „најоптимистичката порака за Новата година веќе стигна, а тоа е вакцината, пасошот за нашата слобода“.

– Вакцинацијата е чин на самопочитување и почитување на општеството како целина, најефикасен, според експертите, штит за заштита на личното и јавното здравје. Но, патот до нормалноста не е краток и лесен. Ќе го поминеме сите заедно, постепено оставајќи ја зад себе нашата скептичноста, внимателно и координирано, почитувајќи ги здравствените протоколи, сè до нашата конечна цел: имунитет на општеството – порача Сакеларопулу и истакна дека 2021 година ќе биде година на надеж и закрепнување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...