18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаСветПетардите од денес се забранети со закон во Хрватска

Петардите од денес се забранети со закон во Хрватска

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Петардите од денес се забранети со закон во Хрватска, а Здружението „Пријатели на животните“ ги повика граѓаните да ги предадат останатите количини на полицијата или да ги вратат во продавниците каде што ги купиле.

<

Од денес стапи на сила законската забрана за продажба и употреба на петарди и шаржери од категориите F2 и F3.

Од Здружението наведуваат дека слабиот одзив на апелите да не се фрлаат петарди, особено ако се земе предвид вознемиреноста кај населението поради неодамнешниот земјотрес, е уште една причина зошто е важна законската забрана и зошто тоа е единствениот ефикасен и неопходен начин за заштита на граѓаните и животните.

„Пријатели на животните“ посочуваат дека овој ден е значаен за Хрватска, за сите нејзини граѓани, како и за сите животни и тие сметаат дека ова е само првиот значаен чекор за целосно коригирање на Законот за експлозивни материјали во насока на целосно ограничување на употребата на пиротехнички средства.

Според Здружението, пиротехниката е опасна кога е во рацете на граѓаните, а доказ за тоа се бројните повреди на деца, возрасни и животни.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...